10 совети како да го спречите стареењето на кожата

Без оглед на тоа колку години имате, битно е да обрнете внимание на својата кожа и никогаш да не дозволите таа да остари пред време. Не е важно дали имате 20, 25, 30 или 40 години, доколку не почнете веднаш да се грижите за вашата кожа, за неколку години ќе зажалите за тоа. Сите знаеме дека е подобро да ја спречите појавата на брчките отколку да ги лечите, но многу жени ги игнорираат советите од дерматолозите и не се грижат навреме за својата кожа.

sistina

Правилата за нега на кожата воопшто не се комплицирани, важно е да бидете упорни и стрпливи.

  1. Не излегувајте на сонце без заштитен фактор – ова не се однесува само за негата кога одите на плажа туку секојдневно, за шетањето и во лето и во зима! Заштитната крема е единствениот докажан производ против стареење на кожата, па затоа набавете си хидратантна крема со висок фактор
  2. Редовно нанесувајте хидратантна крема  – со тоа ќе ѝ обезбедите доволно еластичност и свежина на кожата, а со тоа ќе ја спречите појавата на брчки
  3. Кремата за под очи е многу битна бидејќи токму во пределот околу очите настануваат најмногу брчки. Не мора да биде многу скапа, важно е да ја нанесувате наутро и навечер
  4. Никогаш не одете на спиење со шминка на лицето
  5. Немој да правите агресивни третмани на лицето и да одите кај нестручни дерматовенеролози
  6.  Секој ден пијте барем еден литар вода
  7. Јадете многу риба, овошје и зеленчук
  8. Ставајте пудра која ќе ѝ дозволи на вашата кожа да дише
  9. По 30. година од животот ставајте креми со ретинол
  10. Обидете се да спиете по 8 часа, барем петпати во неделата 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!