Дијагностички тестови

Симптомите на разни состојби и повреди на ’рбетот можат да се манифестираат на повеќе начини, така што многу е важнo прецизнотo дијагностицирање на потеклото на болката во грбот или вратот, рацете или нозете. Спиналниот центар при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ поседува најсовремена опрема за дијагноза и третман во регионот, како и искусен тим специјалисти. Во Спиналниот центар добивате точна и прецизна дијагноза, што претставува круцијален чекор за понатамошно соодветно лекување и грижа. 

Сподели: