Ова е најчестиот бенигнен тумор на дојките кај жените. По еден фиброаденом се јавува кај жени на возраст од 20 до 30 години, додека многубројните се присутни само во 10-15% од пациентите. Две третини од фиброаденомите се прости и не го зголемуваат ризикот за појава на карцином на дојка, освен ако не постојат дополнителни фактори на ризик (како семејна историја). Спротивно на ова, се смета дека сложените фиброаденоми во комбинација со семејна историја го зголемуваат ризикот за појава на карцином на дојка за трипати.
Жените кои имаат над 40 години, во случај на нагло зголемување (ненадејно растење во последните неколку недели), повеќе од 2 см, и постоење на семејна историја на карцином на дојка, фиброаденомот треба веднаш да се отстрани. Големите фиброаденоми кои брзо се зголемуваат (повеќе од 5 см) може да се јават кај адолесценти. Тие мора да се отстранат хируршки. Мастектомијата или пластичната хирургија не е задолжителна процедура за овие пациенти. Задоволителни резултати може да се добијат само со отстранување на фиброаденомот.

Сподели: