Воспаление на панкреасот

Воспалението на панкреасот може да е акутно, кое настанува нагло и може да трае со денови, и хронично, кое може да перзистира во долг временски период, а многу често претставува и дефинитивна состојба. Панкреасот е орган локализиран позади желудникот, во горната третина на стомакот. Неговата функција е од клучно значење во разградувањето на храната и […]

Затнување на млечните канали

Најчеста причина за затнување на млечните канали се скратените и нередовни подои, неправилното позиционирање (лоша поставеност) за време на подојот или постојан притисок од несоодветна облека. Ако мајката го ограничува траењето на подојот, времето што му е потребно на бебето да ги испразни градите, ако го скрати ноќниот подој, користи цуцла лажливка или се дава […]

Брз и безбеден медицински транспорт

Современо возило комплетно опремено за сите видови на траснпорт, специјализизран тим доктори, достапност 24/7, транспорт на критични новороденчиња во земјава и надвор. Прочитајте ги главните карактеристики на медицинскиот транспорт во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Современи возила специјализирани за квалитетен транспорт Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со две современо опремени болнички возила по највисоки медицински стандарди, […]

Машката неплодност – oплодување со донирана сперма

Основна индикација за парот да почне со процес на асистирана репродукција со донирана сперма е отсуство на сперматозоиди во ејакулатот, односно во тестикуларното ткиво. Во нашата земја постои закон кој овозможува полнолетни и деловно способни жени за родителска грижа кои не се во брачна или вонбрачна заедница, а имаат потреба од донирани сперматозоиди во процесот […]

Да патуваме без стомачни тегоби!

Пред патувањето со вашите деца важна е консултација со вашиот педијатар, за да се запознаете со сите состојби што може да му се случат на детето, а за лековите што ги носите да се запознаете добро со препорачаните дози и индикации за нивна употреба. Најчестата состојба што се јавува при патување, т.н. патувачка дијареја и […]

Болка во градите, знак за проблеми со срцето

Коронарната артериска болест или исхемичната срцева болест е најчест облик на кардиоваскуларна болест. Во повеќето случаи се јавува со симптом на градна болка која е најчесто локализирана зад градната коска и која се шири кон рамената, левата рака, грбот, вратот или вилицата. Најчесто болката е во вид на стегање, но може да е и во […]

Разладување со храна

Живата на термометарот расте. Прво по што посегате се ладните газирани пијалаци и далечинското од вашиот клима уред. Но, треба да внимавате, брзото разладување може да доведе до спротивен ефект. За да се чувствувате пријатно и освежени во лето потребна ви е полесна исхрана и многу хидратација. Како да ги преживеете летните температури, совет побаравме […]

Совети како да се справите со екстремно високите температури

Во следните неколку дена територијата на Македонија ќе биде зафатена од екстремно топол бран, а температурите ќе достигнат и над 40 степени. Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат да не се излегува на отворено од 10 до 17 часот, да се пијат големи количини течности, да се внимава во изборот на храна и облека. […]

Првите 5 дена по раѓањето клучни за адаптација на бебето

Со чинот на раѓањето и пресекувањето на папочната врвка се случува само физичко одделување на новороденчето од мајката. Но, симбиозата мајка-дете трае во текот на целиот живот, а особено е потребна во првите денови. За да се спречи наглото одвојување од мајката и да се намали стресот и за мајката и за бебето, неонатолозите советуваат […]

Воспалено слепо црево – најчеста за причина интервенција кај децата

Воспалението на слепо црево (апендицитис) претставува најчестата итна абдоминална состојба кај децата за чие решавање е неопходен итен оперативен третман. Д-р Ристо Симеонов, детски хирург, вели дека иако апендицитисот е редок кај доенчињата, неговата инциденција континуирано се зголемува во текот на детскиот период и го достигнува својот пик помеѓу 15. и 25. година од животот […]