Од поленски алергии страдаат сè помали деца

„Доколку пред десетина години поленските алергени беа носечки по осмата или деветтата година на животот, последните години тие се тригер-фактори за страдања и кај деца на возраст околу четвртата година на животот. Основна особеност дали една индивидуа ќе има тешкотии или не лежи во нејзиниот генетски код“, вели проф. д-р Гордана Маческа-Баџакова, педијатар-пулмоалерголог. Како што […]
Интервју доц.д-р Андреј Петров: Oпасноста од солариумот врз кожата е за дваесет пати поштетна од сонцето

Од година во година бројот на луѓе кои заболуваат од карцином на кожа се зголемува, загрижува и фактот што се појавува кај сè помлади луѓе, какви се вашите видувања на овој проблем? Генерално расте бројот на заболени од малигни болести, во рамките на тоа секако и бројот на заболени од рак на кожа. Малигните болести […]
9 причини да бидете среќни

Убава куќа со голем двор или нов автомобил, овие работи нема да ве направат посреќни. Среќата е во едноставните и мали работи кои животот го прават поубав. Во продолжение прочитајте ги нашите неколку едноставни начини за посреќен живот. Правете работи кои ве прават среќни Ако вашата страст е играњето фудбал, пишувањето песни или пливањето, одвојте […]
Д-р Христовски: Работата со деца и рекреативното трчање – мојата најголема пасија

Во пресрет на Скопскиот маратон разговаравме со д-р Антони Христовски, педијатар, кој е првиот член на тимот рекреативни тркачи на Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Во својата професија меѓу дечињата е познат повеќе од 25 години, а љубовта кон трчањето се појавила уште во детството. 40 години рекреативно се занимава со трчање, а зад себе има […]
Хируршки третман на црн дроб

Хирургијата на црниот дроб многу често е единствениот начин за лекување на туморските промени во црнодробното ткиво. Д-р Владимир Аврамовски, дигестивен хирург, објаснува дека поради големината на органот и неговите компензаторни механизми, голем број болести на црниот дроб не даваат симптоми во рана фаза и најчесто неговите промени се детектираат при ултразвучен преглед. За проценка […]
Компликации при раѓање со повторен царски рез

Царскиот рез претставува породување со хируршки зафат, каде во општа и епирурална или спинална анестезија со, најчесто, попречен рез во долниот дел од стомакот, се вади плодот. Со зголемување на процентот на царски резови расте и бројот на повторните вакви интервенции. Бременоста и породувањето по секој царски рез се придружени со зголемен ризик како за […]
ПОЗИТИВЕН АСТО ТЕСТ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ДЕТЕТО Е БОЛНО

Голем број родители, водејќи се од зголемената вредност на антистрептолизинскиот тест (АСТО), даваат терапија на детето со цел да ја намалат вредноста на АСТО. Д-р Светлана Крстевска-Блажевска, педијатар, објаснува дека само зголемен титар на АСТО без други клинички манифестации на болест покажува дека детето прележало некоја стрептококна инфекција, најверојатно инфекција на грлото, односно ангина. Во […]
Анемија во детска возраст

Анемија или слабокрвност претставува намалување на вредностите на хемоглобинот со или без намалување на вредностите на еритроцитите (црвените крвни зрнца). Главна улога на еритроцитите и хемоглобинот е транспорт на кислородот од белите дробови до сите клетки во организмот. Недостигот на хемоглобин и недоволен број на еритроцити ќе резултира со намалено снабдување на клетките со кислород […]
Ноќно мокрење во детска возраст

Ноќно мокрење е еден од најчестите проблеми во детската возраст. Примарна ноќна енуреза (ПНЕ) е мокрење во кревет за време на спиење кај здрави деца на возраст од 5 години па нагоре. Според податоците од светската литература, кај децата на 5-годишна возраст секое четврто дете има ноќно мокрење. При поаѓање во училиште секое десетто дете […]
Спремни сме за одговор на сите предизвици околу детското здравје

Аерозагадувањето станува една од клучните причини за појава на широк спектар болести кај најранливите популации – бремените жени, доенчињата и малите деца. Но, како што предупредуваат нашите соговорници од приватната болница Аџибадем Систина во Скопје, последиците од дишењето загаден воздух во најраната возраст се чувствуваат и со децении подоцна. Педијатрискиот оддел на болницата е извонредно […]