Време е за медитација!

Со медитацијата можете да го пронајдете вашиот внатрешен мир, да го исфрлите стресот, да го зголемите нивото на концентрација, будност, интелигенцијата и среќата, но и позитивно да влијаете врз здравјето

Честопати ја слушаме фразата – од понеделник ќе почнам да вежбам бидејќи вежбањето ме релаксира, ме ослободува од негативната енергија. И бидејќи на сите нам ни недостига слободно време, оваа обврска секогаш ја префрламе за некој следен понеделник, а стресот и негативната енергија се таложат во нас.

Релаксација за целото семејство

Најубавиот дел од денот е времето поминато со семејството. Еве неколку начини како забавно да го поминете времето со своите најблиски.

Антибиотиците не се бонбони!

Неконтролираната употреба на антибиотици е главна причина за отпорност на бактериите. И покрај овој факт, и понатаму се пијат антибиотици и во случаи на вирусни инфекции. Според д-р Душко Фидановски, педијатар, пациентите треба да бидат посовесни, и кога докторот нема да препише антибиотска терапија, да не посегнуваат на своја рака, посебно кога се работи за нивните деца.

Кога ќе дојде пубертетот

Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките промени, но секое дете се развива на свое темпо. Пубертетот обично почнува прво кај девојчињата па потоа кај момчињата. За повеќето девојки, пубертетот почнува околу 11-годишна возраст. За момчиња, пак, пубертетот почнува од 10 до 14. Просечната возраст е 12-тата година.

Проблеми со тироидната жлезда

Дали поголем дел од денот чувствувате умор? Покрај тоа сте испотени и нервозни, имате зголемена телесна тежина, грозница или ви опаѓа косата… За овие проблеми може виновна да биде тироидната жлезда. Оваа жлезда, која регулира многу процеси во телото, може да предизвика многу здравствени проблеми. Овие појави се особено чести кај жените бидејќи тие имаат поголем ризик фактор од заболувања на тироидната жлезда.

Косата е огледало на вашето здравје

Здравата и бујна коса, како и кршливата коса и чувствителен скалп можат да бидат вистински показател за вашето здравје. Многу често одредени здравствени состојби или лекови може да влијаат и на квалитетот на вашата коса. Во одредени случаи главни „виновници“ се гените, но квалитетот на косата зависи и од вашиот начин на живот.

Напиток за ладните зимски денови

Салепот е фин и сладок напиток за ладните зимски денови. Добро е да го пиете кога сте настинати бидејќи ги ублажува болките во грлото и ги смирува дишните патишта.  Освен тоа опушта, релаксира и ја зголемува сексуалната желба.

Уринарни инфекции во детска возраст

Уринарните инфекции се најчесто заболување на уринарниот тракт и една од најчестите инфекции кај децата. Се дефинираат како инвазија на микроорганизми во ткивото на уринарниот тракт (или лабораториски присуство на  сигнификантен број на бактерии во уринате-позитивна уринокултура). Доколку не се третираат навремено и правилно, може да доведат до оштетување на бубрезите.  За поделбата, нивната застапеност, симптомите и лекувањето на уринарните инфекции во детска возраст разговаравме со доктор Надица Ристоска Бојковска, педијатар нефролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Метастатски карцином на коски

Metastatski karcinom na koski

Коски, бели дробови и црн дроб се најчестите органи каде што се шират клетките на карциномот, односно каде што метастазираат. Кога ќе дојдат до коските тие формираат нови метастатски тумори. Дали тоа значи дека имате кацином на коски?

Здрава храна Проја со тиква

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 1 чаша палента
  • 1 чаша пченкарно брашно
  • 1 чаша брашно тип 400
  • Прашок за печиво
  • 1 dl масло
  • 2 dl млеко
  • 200 грама тиква
  • Шеќер и ванила по желба