Здрава храна – Проја со тиква

Потребни состојки:
4 јајца
1 чаша палента
1 чаша пченкарно брашно
1 чаша брашно тип 400
Прашок за печиво
1 dl масло
2 dl млеко
200 грама тиква
Шеќер и ванила по желба
Здрави заби за помлад лик

Насмевката ги покажува нашите чувства, емоции, но и годините. Кога имате убава и здрава насмевка сите велат дека сте убави, сензуални, млади и витални.
Лицето е најважниот дел за комуникација, а убавата насмевка е главниот предуслов за да здобиете симпатии и убав впечаток кај соговорниците. Кога сте задоволни од својата насмевка, едноставно сте задоволни со себе и имате поголема самодоверба. Благодарение на козметичката стоматологија, покрај привлечната и здрава насмевка може да изгледате неколку години помлади. Како до совршена насмевка и неколку години помлад изглед одговор ни даде стручниот тим на стоматолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Како да ги воспитате децата?

Кога станува збор за дисциплината на децата нема брз лек, ниту магија. Тоа е еден долг процес во кој вие континуирано мора да се вложувате и да работите со нив. Водете ги децата по патот на нивниот раст. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат за добро воспитување:
Колку време да трае вашиот тренинг?

Денес многу луѓе обрнуваат внимание на својот изглед и тело. Сепак, оние кои се обидуваат да оформат и да ги зајакнат мускулите поминуваат часови и часови во вежбалниците. Доколку напорно работите на своето тело, а резултатите се незабележителни, тогаш најверојатно е време да се го намалите темпото. Еве зошто на телото му е потребен одмор и закрепнување по секоја вежба.
Воспалени мускули

Воспалението во мускулите може да биде резултат на три причини: замор, практикување на некоја необична активност и тренирање на само една мускулна група.
Кога е во прашање заморот, мускулите почнуваат да ве болат или за време на самата активност или непосредно по активноста. Доколку почувствувате болка, направете мала пауза или префрлете го напорот на друга мускулна група.
Необичната активност опфаќа поширок поим бидејќи се однесува на сите оние активности кои на вашето тело му делуваат „необично“ бидејќи не сте ги правеле подолг временски период. На пример, практикување на некој спорт по подолго време, но и изведување на некои вежби кои никогаш до сега не сте ги правеле. Воспалението се јавува од 12 до 72 часа по активноста. Дури и врвните спортисти можат да ги воспалат мускулите по интензивни тренинзи.
Есенски дар на вашата трпеза – Јапонско јаболко

Јапонското јаболко е витаминска бомба која ги задоволува потребите од витамини и минерали кои на телото му се потребни во овој период од годината. Ова портокалово овошје кое потекнува од Кина изобилува со витамин А, Ц, бета комплекс, бета-каротен, ликопен, лутеинн, криптоксантин.
Со внесување на потребните состојки со кои јаболкото изобилува нашиот организам се заштитува од актуелните настинки и грип. Редовното консумирање го зајакнува имунитетот.
Црвеното месо предизвикува срцеви заболувања

Заситените масти кои се наоѓаат во црвеното месо честопати се поврзуваат со појавата на срцеви заболувања. Новите истражувања откриваат дека мастите не се единствената причина за нивна појава.
Новите истражувања потврдуваат дека бактериите кои нормално ги има во црвената слузокожа го претвораат протеинот карнитин (кој го има во големи количини во црвеното месо) во материја што го забрзува процесот на стврднување и задебелување на ѕидовите на крвните садови.
Со ботокс против потење

Прекумерното потење, хиперхидроза, е состојба која почнува уште пред пубертетот, а потоа продолжува и се влошува. Ги зафаќа еднакво и мажите и жените. Овој тип на примарна хиперхидроза вообичаено е локализиран, ограничен на одреден дел од телото. Хиперхидрозата иако не е сериозна состојба, знае понекогаш да доведе до анксиозност или депресија, вознемирувајќи ја силно личноста. Освен примарната, постои и секундарна хиперхидроза, која е вообичаен знак на некоја болест.
8 зеленчуци за поздрав живот

Ако во вашата исхрана доминира зеленчукот, тогаш сте на вистинскиот пат до здрав и долг живот. Се прашувате кој зеленчук е најдобар избор за вас? Голем дел од зеленчуците претставуваат вистинска нутритивна бомба. Еве ги нашите топ 8 зеленчуци за оваа недела:
Време е за ПАП тест

Папаниколау (ПАП) тестот е едноставен и безболен метод со кој се зема материјал од грлото на матката и вагиналниот свод, истиот се нанесува на цитолошко стакленце, се фиксира и потоа се бои. Со микроскопска анализа на клетките можат да се откријат воспаленија, нивни предизвикувачи, бенигни и малигни клетки и други цитолошки промени. Со откривање на атипичните клетки на грлото на матката се овозможува рана дијагноза и навремено лекување на премалигните промени, кои во спротивно би го загрозиле здравјето и животот на жената. Сè за ПАП-тестот ни објасни доктор Елизабета Матевска-Атанасовска, гинеколог акушер од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.