Повторно млади

Со текот на годините во пределот околу очите почнуваат да се јавуваат првите брчки, темни кругови и вреќички околу очите. Ова се првите знацина стареење на кожата. Пределот околу очите особено е чувствителен на климатските промени, сончевите зраци, смогот, ветрот… Ви предлагаме мала интервенција која носи голема промена.
Но брчки се прават и кога се смееме, се лутиме или трепкаме, а и кога не носиме очила за сонце кои ја штитат тенката кожа околу очите. Кожата во пределот на очите бара посебна нега и внимание, од причина што е многу осетлива и дури четири пати потенка од кожата на другите делови.
Гордо покажете ја вашата насмевка

Улогата на стоматологијата во подобрување на изгледот најчесто се потценува и погрешно се интерпретира. Денеска се достапни многу современи стоматолошки техники кои едноставно, лесно и безболно секому можат да му овозможат усогласеност, симетрија и природен изглед на неговите заби.
Насмевката е најважниот дел од вашето лице. Но, за жал не сакаат сите да ја покажат, а една од причините за тоа е т.н. појава гингивална насмевка или gummy smile. Затоа не чудете се зошто не можете да ги видите насмеани. Причина за тоа е што кога ќе се насмевнат, нивната горна усна се издигнува премногу високо, па освен забите се гледа и голем дел од непцето. До оваа појава најчесто доаѓа поради хиперактивност на мускулите на горната усна. Дополнителен проблем претставува доколку имате тенка горна усна која придонесува за поголемо изложување на горните непца. Ова може да пречи во професионалниот и социјалниот живот, но дали сте знаеле дека и некои холивудски ѕвезди, меѓу кои и Том Круз, го имаат овој проблем.
Неколку совети за вежбање во затворена просторија

Временските услови не секогаш дозволуваат вежбање во природа, па понекогаш вежбањето во затворена просторија е единствена опција. Но, тоа не треба да ве обесхрабри.
Еве неколку идеи кои ќе ви го направат тренингот во затворена просторија поинтересен:
Една чаша топла вода наутро, одличен потег за вашето здравје

Првата работа што треба да ја направите наутро е да внесете една чаша топла вода. Еве и зошто?
Топлата вода го подобрува дигестивниот систем. Грчевите и подуеноста најчесто се предизвикани од недостиг на вода во организмот. Затоа, една чаша топла вода наутро, на празен желудник ќе ја поттикне работата на цревата и ќе му помогне на организмот нормално да функционира.
Храна добра за мозокот на децата

Како децата истрчуваат од училишните клупи и се префрлуваат на нивните домашни активности, така се зголемува активноста на нивните мозоци и тие драматично растат и се менуваат.
Овие години се критични за развојот на мозокот, а тоа што тие го јадат влијае врз нивната концентрација и вродените вештини.
Храната е еден од многуте фактори кои влијаат врз развојот на мозокот.
Еве неколку јадења кои добро влијаат врз бистрината и концентрацијата на детето, и кои се добри за понатамошниот развој на мозокот.
Социјалната поддршка, клучен фактор во заздравувањето од срцев удар

Истражувањата покажуваат дека помладите пациенти потешко заздравуваат од срцев удар доколку немаат поддршка од семејство или пријатели кои ќе им помогнат да продолжат понатаму.
Младите и средовечните луѓе кои имаат преживеано срцев удар ќе имаат ослабено здравје и слаб квалитет на живот доколку имаат малку членови во семејството или пријатели кои би им ја дале потребната поддршка во процесот на заздравување, се вели во едно истражување.
Предијабетес: Неколку чекори кои треба да ги преземете веднаш

Што треба да направите за да не дозволите предијабетесот да се претвори во дијабетес?
Доколку ви е дијагностициран предијабетес, значи дека состојбата е алармантна, но тоа не значи дека сигурно ќе премине во дијабетес. Сѐ уште има време да ги смените работите.
Ова е можност да промените некои животни навики со кои ќе го намалите прогресирањето на дијабетесот, па дури и ќе ја спречите неговата појава.
Колку време можете да ја чувате храната во фрижидер по истекот на рокот?

Стоите пред фрижидерот гледајќи во рокот на траење на храната и во дилема сте дали да ја фрлите или да ја изедете.
Еве неколку правила во врска со безбедноста на храната:
Со правилна нега против црвенилото на лицето

Црвенилото на лицето може да биде непријатно, но тоа не значи дека е проблем што не може да се реши. Првиот чекор кон тоа е дијагнозата од дерматовенеролог која треба да се побара што поскоро штом се почувствува проблемот.
Луѓето на чие лице често се појавува црвенило и се румени не значи дека се премногу срамежливи, тие едноставно имаат проблем со црвенилото на лицето. Појавата на црвенило е многу често и непријатно, карактеристично за луѓето кои имаат тенка и ранлива кожа. За да се спречи навреме овој проблем и полесно да се лекува, тој треба да биде дијагностициран што порано. Што е црвенило на лице и како се лекува разговаравме со д-р Весна Пљакоска, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Брзо и ефикасно до бисерна насмевка

Сакале да признаете или не, со текот на годините вашите заби освен што го менуваат изгледот ја менуваат и бојата. Во нашите гени е запишано каква ќе биде бојата на коската на забите и нивната цврстина, па некои луѓе имаат потемна нијанса на забите, додека кај останатите потемнувањето се должи на стареењето, на храната што ја јадеме, на лошите навики како пушењето, пиењето црвено вино кафе, чај.