Спречете ја настинката и зајакнете го имунитетот!

Есента е годишното време на вирусите. Тие постојано демнеат и ги напаѓаат оние кои имаат послаб имунитет. Седењето долги часови во затворени простории не можеме да го избегнеме, но затоа можеме максимално да се заштитиме. Ви препорачуваме да го зајакнете имунитетот и да го подобрите вашето здравје.
Волшебна есенска напивка

Започнете го денот со оваа волшебна напивка. Вистинска енергетска бомба која ќе ве расони и ќе ви ги обезбеди сите потребни минерали и витамини за добро функционирање во текот на работниот ден. Сокот од цвекло содржи компоненти кои го подобруваат крвотокот, помагаа во регулирањето на крвниот притисок, телото подобро реагира на физичките вежби, така што го балансира кислородот и ја зголемува енергијата и физичката сила кои се потребни за вежбањето. Овој сок е еден од најбогатите избори на антиоксиданти и нитрати. Нитратите се познати по тоа што го подобруваат крвотокот во целото тело – вклучувајќи ги главата, срцето и мускулите.
Како да се ослободите од негативните мисли?

Нашиот ум треба да ни биде сојузник, а не непријател!
Едно од најголемите прашања со кои се соочуваат многу психотерапевти и советници е како да го скротите вашиот ум и да го претворите во сојузник наместо непријател.
Нашите секојдневни маки и грижи, пред сѐ, се од психичка природа. Се грижиме до мера на опсесивност. Нè гонат некои дамнешни проблеми, но се грижиме и за проблемите со кои допрва треба да се соочуваме. Луѓето постојано си поставуваат прашања од типот што не е во ред со мене? Што ќе ми се случи? Како ќе се извлечам од оваа ситуација?
Бенките – знак на убавина или опасност?

Меланомот на кожата потекнува од клетките наречени меланоцити кои се богати со пигмент и придонесуваат за интензитетот на бојата на кожата. Најчести ризик фактори за негова појава се: светол тен и пеги од прекумерено изложување на сонце, необични бенки, семејна историја, чести изгореници од сонцето, ослабен имунитет. Овој тип карцином почесто се појавува кај луѓето со посветол тен, светла коса и очи, но не ги избегнува ни луѓето со потемен тен. Тој може одеднаш и без предупредување да се појави на нормална кожа, како и на постоечките бенки. Тимот дерматолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат дека е важно добро да го познаваме нашето тело, да ја знаеме поставеноста на бенките и нивниот изглед.
Здравје од чинија – тиква

Тиквата не треба да се запоставува во секојдневната исхрана. Таа е богат извор на витамини и минерали. Сиромашна е со калории и е лесно сварлива. Содржи 90 % вода, 1,1 отсто белковини, 0,1 отсто масти и 5,5 проценти јагленохидрати. Бидејќи има многу мала енергетска вредност, особено е препорачлива за лицата со зголемена телесна тежина и за дијабетичари. Таа е добар диуретик, а се препорачува и при проблеми во желудникот, кога имате потешкотии во цревата, псоријаза. Ја зајакнува заштитната обвивка на нервите и делува смирувачки. Облоги од свежо изрендана тиква можат да се користат за ублажување на тегобите кај проширени вени.
Денталната грижа за време на бременоста

Доброто орално здравје во текот на бременоста е од витално значење за вас и вашето бебе. Бременоста го зголемува ризикот од развивање на разни болести на непцата, а оралното здравје може да влијае врз развојот на вашето бебе, додека инфекциите на забите се поврзуваат со предвремено породување.
Стоматолошки преглед за здрава детска насмевка

Во денешната дентална пракса поголемиот број од докторите по стоматологија во своите ординации работат со деца. Консултирајте се со вашиот стоматолог дали е спремен и дали е во можност да го третира вашето дете.
Што е радикулопатија?

Хернирањето на дискот се случува кога надворешниот дел од дискот, анулусот ослабува и напукнува предизвикувајќи го нуклеусот да хернира кон каналот на ’рбетниот столб и корењата на нервите.
Кога дискот хернира кон назад, кон лево или кон десно може да дојде до притискање на нерв. Оваа состојба се нарекува радикулопатија. Радикулопатијата може да се случи спонтано или како резултат на траума. Сите хернирања не предизвикуваат притиснување на нервот.
Грип или настинка

И грипот и настинката можат да ве направат да се чувствувате мизерно. Но, можат да бидат предизвикани од различни причинители и места. Експертите подолу ни објаснуваат како да ги разликуваме.
Лоши навики?

Можеби не сте ни свесни за некои од овие навики, но тие лошо влијаат на вашето здравје, а вие сигурно ги правите.
Легнувате доцна, станувате рано
Уште од најраното детство вашите родители ве терале да легнувате рано, посебно доколку треба да станете рано наутро. Можеби тогаш ова не ви имало никаква смисла, но денес кога имате толку обврски, најмалку што ви треба е свесно да го исцрпувате вашиот организам. Сепак, тоа го правите и понатаму. Секогаш имајте на ум дека на телото му треба одмор за нормално да функционира. Спиењето и одморот влијаат на сите функции на организмот, од метаболизмот до телесната тежина.