ОСТЕОПОРОЗА – Кога коските ќе ослабат и попуштат

Остеопорозата е заболување на коските кое ја намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Скршениците на коските кај овие луѓе можат да се случат и при најмала траума или оптоварување. Најчесто скршениците се случуваат на прешлените на ’рбетниот столб, бутната коска или рачниот зглоб. За најчестите ризик фактори, дијагнозата и третманот на остеопороза разговаравме со докторите од спиналниот центар при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
4 можни виновници за мистериозната хронична кашлица

Понекогаш кашлицата може да се задржи подолго време и да предизвика непријатно чувство. Постојаната кашлица која се јавува без некоја јасна причина пулмозлозите ја нарекуваат „мистериозна кашлица“ или хронична и идеопатска кашлица.
Околу 10% до 20% од популацијата во некој период од животот имале кашлица која траела повеќе од 8 недели. Оваа кашлица е хронична и може да биде многу непријатна и фрустрирачка.
Кламидија

Кламидијата е една од најчестите полово преносливи болести. Оваа инфекција може многу лесно да се шири бидејќи не предизвикува симптоми.
Како да знам дека имам кламидија?
Најчесто симптомите не се секогаш очигледни, но најчесто се појавуваат во период од една до три недели по контакт со инфицирано лице.
Ризиците од високиот холестерол

Високиот холестерол предизвикува стеснување и стврднување на артериите, состојба која се нарекува атеросклероза. Оваа состојба прогресира бавно и најчесто без рани симптоми. Но, може да доведе до многу компликации вклучувајќи срцев удар и мозочен удар.
Вишокот (LDL) лош холестерол може бавно да се наталожи на ѕидовите на артериите. Потоа, во комбинација со триглицеридите, остатоците од калциумот, остатоците од губитокот на клетките и фибринот формираат плак. Овие плакови ги стеснуваат и стврднуваат крвните садови.
Неколку прашања и одговори за проблемите со вашиот изглед

Зошто имам споени веѓи?
Кај некои девојчиња се јавуваат влакна меѓу веѓите. Феноменот „залутани влакна“ на лицето не е опасен и најчесто е наследен.
Кубењето на овие влакна може да помогне за подобар изглед во наредните неколку дена или недели. За влакната околу усните и оние на брадата се користи депилаторска крема за лице. Ласерското отстранување на овие влакна е трајно решение.
Неколку работи за кои е докажано дека се митови

Немате потреба да ги броите чашите вода кои треба да ги испиете. Истражувањата покажаа дека луѓето кои посегнуваат по чаша вода кога се жедни ја внесуваат доволната количина вода во денот. Покрај тоа, тука се и супите, зеленчуците, овошјата, чајот, кафето, кои ги надополнуваат течностите кои му се потребни на вашето тело. Кога ќе забележите дека вашата урина има темно жолта боја, кога не одите редовно во тоалет или кога сте премногу активни, треба да пиете повеќе вода.
Причини за пад на сексуалниот нагон и негово лекување

Некои луѓе прават многу работи кога се под стрес, но сигурно не се чувствуваат секси. Стресот на работа, дома и во врската стана дел од секојдневието. Навистина може да помогне ако научиме како да се справуваме со него на здрав начин. Самите можете да направите многу работи за да си помогнете, а можете да се консултирате и со советник или доктор.
Повеќе пешачење, спас од проширените вени

Според експертите, од 20% до 50% од населението порано или подоцна заболуваат од варикозно заболување. Причината за тоа е пасивниот начин на живот и залежаноста кои доведуваат до проширени вени кај помладите луѓе. Но, денес постојат многу ефективни методи во борбата против ова заболување. Сепак, треба да се знаат неколку основни правила што можат да се применат како превентивна заштита.
Како да ја намалите телесната тежина без диета

Вклучете го тајмерот пред да почнете со оброкот
Наместете го тајмерот на 20 минути и претворете се себеси во „бавен јадач“. Ова е најдобриот начин да загубите килограми без да бидете на диета. Планирајте го секој залак, така што последниот ќе го изедете со звукот на ѕвончето. Оброците од малите порциии нудат поголемо задоволство. Кога брзате со јадењето, вашиот желудник нема време да му испрати информација на мозокот дека е сит. Ова доведува до прејаденост.
Кои прашања да му ги поставите на вашиот лекар за карциномот на дојка?

Времето поминато со вашиот доктор е ограничено, па затоа добро решение е да подготвите листа на прашања кои треба да му ги поставите на вашиот доктор.