Бенките – знак на убавина или опасност?

Меланомот на кожата потекнува од клетките наречени меланоцити кои се богати со пигмент и придонесуваат за интензитетот на бојата на кожата. Најчести ризик фактори за негова појава се: светол тен и пеги од прекумерено изложување на сонце, необични бенки, семејна историја, чести изгореници од сонцето, ослабен имунитет. Овој тип карцином почесто се појавува кај луѓето со посветол тен, светла коса и очи, но не ги избегнува ни луѓето со потемен тен. Тој може одеднаш и без предупредување да се појави на нормална кожа, како и на постоечките бенки. Тимот дерматолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат дека е важно добро да го познаваме нашето тело, да ја знаеме поставеноста на бенките и нивниот изглед.
Здравје од чинија – тиква

Тиквата не треба да се запоставува во секојдневната исхрана. Таа е богат извор на витамини и минерали. Сиромашна е со калории и е лесно сварлива. Содржи 90 % вода, 1,1 отсто белковини, 0,1 отсто масти и 5,5 проценти јагленохидрати. Бидејќи има многу мала енергетска вредност, особено е препорачлива за лицата со зголемена телесна тежина и за дијабетичари. Таа е добар диуретик, а се препорачува и при проблеми во желудникот, кога имате потешкотии во цревата, псоријаза. Ја зајакнува заштитната обвивка на нервите и делува смирувачки. Облоги од свежо изрендана тиква можат да се користат за ублажување на тегобите кај проширени вени.
Денталната грижа за време на бременоста

Доброто орално здравје во текот на бременоста е од витално значење за вас и вашето бебе. Бременоста го зголемува ризикот од развивање на разни болести на непцата, а оралното здравје може да влијае врз развојот на вашето бебе, додека инфекциите на забите се поврзуваат со предвремено породување.
Стоматолошки преглед за здрава детска насмевка

Во денешната дентална пракса поголемиот број од докторите по стоматологија во своите ординации работат со деца. Консултирајте се со вашиот стоматолог дали е спремен и дали е во можност да го третира вашето дете.
Што е радикулопатија?

Хернирањето на дискот се случува кога надворешниот дел од дискот, анулусот ослабува и напукнува предизвикувајќи го нуклеусот да хернира кон каналот на ’рбетниот столб и корењата на нервите.
Кога дискот хернира кон назад, кон лево или кон десно може да дојде до притискање на нерв. Оваа состојба се нарекува радикулопатија. Радикулопатијата може да се случи спонтано или како резултат на траума. Сите хернирања не предизвикуваат притиснување на нервот.
Грип или настинка

И грипот и настинката можат да ве направат да се чувствувате мизерно. Но, можат да бидат предизвикани од различни причинители и места. Експертите подолу ни објаснуваат како да ги разликуваме.
Лоши навики?

Можеби не сте ни свесни за некои од овие навики, но тие лошо влијаат на вашето здравје, а вие сигурно ги правите.
Легнувате доцна, станувате рано
Уште од најраното детство вашите родители ве терале да легнувате рано, посебно доколку треба да станете рано наутро. Можеби тогаш ова не ви имало никаква смисла, но денес кога имате толку обврски, најмалку што ви треба е свесно да го исцрпувате вашиот организам. Сепак, тоа го правите и понатаму. Секогаш имајте на ум дека на телото му треба одмор за нормално да функционира. Спиењето и одморот влијаат на сите функции на организмот, од метаболизмот до телесната тежина.
Пациенти од кои и докторите бегаат

Не се чувствувате најдобро, а најбрзиот начин да дознаете што всушност ви се случува е да седнете на компјутер и на интернет да си одредите дијагноза и лекување. Но, дали сте свесни дека информациите за одредени симптоми можат да варираат од целосно наивни до смртоносни?
Кога е време за бебе?

Одлуката кога да имате бебе воопшто не е едноставна. Ако во минатото жените не внимаваа на бременоста, денес модерните двојки ја планираат својата бременост.
Здрава мајка – здраво бебе
Прво нешто пред да се одлучите да забремените е да направите check up преглед. Само здравите родители на свет може да донесат здраво бебе. Доколку мајката има зголемена телесна тежина, тоа е ризик фактор дека за време на бременоста може да развие гестациски дијабетис, зголемен крвен притисок или преекламсија. Прекумерната тежина може да предизвика и други здравствени проблеми. Докторите препорачуваат дека доколку планирате бременост морате да се откажете од пушењето цигари, пиењето алкохол и брзата исхрана.
Вкусен есенски рецепт – печени јаболки со цимет

Рецепт за дијабетичари
Јаболкото е овошје кое изобилува со многу витамини и минерали. Можете да го најдете во текот на сите годишни времиња, но, сепак, најслатко и најубаво е во есен бидејќи есента е сезона на јаболките. Освен што е едно од нај консумираните и најпознати овошја кај нас, овој плод со себе носи и многу здравствени бенефиции бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта, го намалува ризикот од многу други болести и, како што сите знаете, помага во одржувањето на саканата тежина. Јаболкото е исклучително богато со минерални материи ( калиум, калциум, фосфор, натриум, железо, и др) и витамини ( од групата Б, Ц, Е, ПП и фолна киселина).