Летни методи за борба против стресот

Во летниот период поминуваме многу повеќе време на отворено отколку во кој било друг период од годината, а активностите од типот на годишните одмори, скарата со пријателите, разните групни спортови објаснуваат зошто ова годишно време најмногу нè опушта.
Зелената околина или природното опкружување е поврзано се намалувањето на стресот, додека изложеноста на сонце може да го намали крвниот притисок и да го подобри целокупното здравје.
Ви нудиме неколку предлози за тоа како да уживате на отворено и како да го намалите секојдневниот стрес.
Задолжителни продукти на женското мени

Дали знаете дека постојат продукти кои никако не смеат да недостигаат на женското мени – без оглед на тоа на која годишна возраст се припадничките на понежниот пол. Такви продукти се доматите, гравот, рибата, оревите и брусницата.
Неколку факти за ерекцијата

1. Постојат три вида ерекција:
Рефлексогената ерекција што се јавува кога сте со партнерката, психогена при фантазирањето и ноктурната се јавува во текот на ноќта.
2. Алкохолот и пушењето се опасни непријатели
Младите кои страдаат од еректилна дисфункција не би требало да конзумираат алкохол и цигари бидејќи истите ги отежнуваат идните сексуални нагони.
Знаци кои укажуваат на проблеми со црниoт дроб

Промени на кожата, во урината или столицата, болки во стомакот и замор, се некои од раните знаци за проблеми со црниот дроб.
Црниот дроб е витален орган кој е неопходен за здравјето на човековиот организам. Тој помага во варењето на храната, исфрлувањето на токсините од телото и апсорпцијата на хранливите материи кои му се потребни на телото за да преживее. Некои луѓе се раѓаат со проблеми на црниот дроб, додека на други, во текот на животот им се оштетува како резултат на разни хемикалии, вируси или претерано консумирање алкохол. Раните знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб не смеат да се игнорираат, туку потребна е лекарска помош.
Опасноста од депилирање на интимната зона

Депилацијата на интимните делови понекогаш носи одредени ризици за кои морате да бидете свесни. Имено, на овој начин доаѓа до иритирање на кожата која на овие делови и така е осетлива, па се зголемува ризикот од појава на инфекции и пренесување на полови заболувања.
Запомнете, влакната на телото имаат своја функција. Тие ја штитат кожата од разни повреди, бактерии и инфекции, посебно во летниот период кога интимната регија ја покриваат шорцевите и костимите за капење. Поради тоа, кога во текот на летото ќе ги отстраните овие влакна, кожата останува незаштитена и на неа се јавуваат ситни отвори како резултат на зачестените инфекции.
Аеробик во вода

Традиционалниот аеробик е познат веќе долги години. Тој ги комбинира ритмичките вежби за истегнување и зацврстување на телото. Но, неодамна се појави еден нов вид аеробик кој се изведува во вода, односно во базен. Познат е како аква аеробик или аеробик во вода. Овој вид вежбање има и позитивни и негативни страни во однос на класичниот аеробик.
Супер храна за здравје

Јагоди
Јагодата содржи витамин К, кој на многумина им недостасува. Овој витамин игра значајна улога во зајакнувањето и одржувањето на здравјето на коските. Јагодите се богати и со омега 3. Само една шолја јагоди содржи 5% омега 3 масни киселини, а помагаат во регулирањето на високиот крвен притисок и згрутчувањето на крвта.
Темно чоколадо
Темното чоколадо содржи високо ниво на фенол кој го поттикнува доброто расположение. Сепак, треба да се зема во мали количини бидејќи има многу калории.
Тест за андропауза

Како што годините поминуваат така и мажите претрпуваат хормонални промени, период наречен андропауза. Исто како и кај жените кои поминуваат низ менопауза, така и мажите поминуваат низ период на промени кои, за среќа, се помалку забележителни. Во овој период доаѓа до опаѓање на нивото на хормонот тестостерон, се забавува работата на метаболизмот, а се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Овие промени можат значително да влијаат врз сексуалниот живот, расположението, концентрацијата и здравјето на простатата.
Со чаша вино до подобро здравје

Многу студии потврдиле дека умерено конзумирање на вино значајно ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања. За благотворното дејство на виното знаел уште и Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана.
Искривување на ’рбетот- болест на денешните деца

Дали тешката училишна чанта е преголем товар за првачињата? Колку седењето со часови пред компјутер е “здраво” за ’рбетниот столб? Ова се прашања на многу родители, што е причина повеќе да ве запознаеме со искривувањата на ’рбетниот столб.