RSS

sistina

RSS Link Health – Shtëpi RSS Link Health – Kockat, muskujt dhe kyçet   RSS Link Health – Truri dhe shtylla kurrizore   RSS Link Health – Kanceri   RSS Link Health – Shëndeti digestiv   RSS Link Health – Shëndeti i zemrës dhe enëve të gjakut   RSS Link Health – Mushkëritë, frymëmarrja dhe […]

RSS

sistina

RSS Link Health – Дома RSS Link Health – Коски, Мускули и Зглобови RSS Link Health – Бременост и новороденчиња RSS Link Health – Срце и васкуларно здравје RSS Link Health – Дигестивно здравје RSS Link Health – Заби и Орално здравје RSS Link Health – Детско здравје RSS Link Health – Здравје за жени […]

4 прашања и одговори за доење на близнаци

Доењето е најдобриот начин за исхрана на бебињата. Меѓутоа, мајките на близначиња многу лесно се откажуваат да ги дојат своите новороденчиња. Најчесто поради тоа што често се во дилема дали имаат доволно млеко да дојат две деца.  Во прилог ви даваме одговор на најчестите прашања.   

Летни методи за борба против стресот

Во летниот период поминуваме многу повеќе време на отворено отколку во кој било друг период од годината, а активностите од типот на годишните одмори, скарата со пријателите, разните групни спортови објаснуваат зошто ова годишно време најмногу нè опушта. 

Зелената околина или природното опкружување е поврзано се намалувањето на стресот, додека изложеноста на сонце може да го намали крвниот притисок и да го подобри целокупното здравје.
Ви нудиме неколку предлози за тоа како да уживате на отворено и како да го намалите секојдневниот стрес.

Задолжителни продукти на женското мени

Дали знаете дека постојат продукти кои никако не смеат да недостигаат на женското мени – без оглед на тоа на која годишна возраст се припадничките на понежниот пол. Такви продукти се  доматите, гравот, рибата, оревите и брусницата.

Неколку факти за ерекцијата

1. Постојат три вида ерекција:

Рефлексогената ерекција што се јавува кога сте со партнерката, психогена при фантазирањето и ноктурната се јавува во текот на ноќта.

2. Алкохолот и пушењето се опасни непријатели

Младите кои страдаат од еректилна дисфункција не би требало да конзумираат алкохол и цигари бидејќи истите ги отежнуваат идните сексуални нагони.

Знаци кои укажуваат на проблеми со црниoт дроб

Промени на кожата, во урината или столицата, болки во стомакот и замор, се некои од раните знаци за проблеми со црниот дроб.

Црниот дроб е витален орган кој е неопходен за здравјето на човековиот организам. Тој помага во варењето на храната, исфрлувањето на токсините од телото и апсорпцијата на хранливите материи кои му се потребни на телото за да преживее. Некои луѓе се раѓаат со проблеми на црниот дроб, додека на други, во текот на животот им се оштетува како резултат на разни хемикалии, вируси или претерано консумирање алкохол. Раните знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб не смеат да се игнорираат, туку потребна е лекарска помош.

Опасноста од депилирање на интимната зона

Депилацијата на интимните делови понекогаш носи одредени ризици за кои морате да бидете свесни. Имено, на овој начин доаѓа до иритирање на кожата која на овие делови и така е осетлива, па се зголемува ризикот од појава на инфекции и пренесување на полови заболувања. 

Запомнете, влакната на телото имаат своја функција. Тие ја штитат кожата од разни повреди, бактерии и инфекции, посебно во летниот период кога интимната регија ја покриваат шорцевите и костимите за капење. Поради тоа, кога во текот на летото ќе ги отстраните овие влакна, кожата останува незаштитена и на неа се јавуваат ситни отвори како резултат на зачестените инфекции.

Аеробик во вода

Традиционалниот аеробик е познат веќе долги години. Тој ги комбинира ритмичките вежби за истегнување и зацврстување на телото. Но, неодамна се појави еден нов вид аеробик кој се изведува во вода, односно во базен. Познат е како аква аеробик или аеробик во вода. Овој вид вежбање има и позитивни и негативни страни во однос на класичниот аеробик.

Супер храна за здравје

Јагоди

Јагодата содржи витамин К, кој на многумина им недостасува. Овој витамин игра значајна улога во зајакнувањето и одржувањето на здравјето на коските. Јагодите се богати и со омега 3. Само една шолја јагоди содржи 5% омега 3 масни киселини, а помагаат во регулирањето на високиот крвен притисок и  згрутчувањето на крвта.

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи високо ниво на фенол кој го поттикнува доброто расположение. Сепак, треба да се зема во мали количини бидејќи има многу калории.