Сѐ што треба да знаете за солзите

Солзите се корисни. Тие ги отсликуваат сите типови на чувства. Тие ви помагаат да гледате појасно, и ги плакнат вашите очи од нечистотии.
АНАТОМИЈА НА СОЛЗАТА
Солзите ја одржуваат влажноста на вашите очи, ги плакнат од нечистотии и спречуваат инфекции. Солзите за момент можат да ви го заматат погледот, но без нив работите би ги гледале многу позаматено.
Пушење или здравје?

Најчесто од навика, но и кога се под стрес луѓето пушат со надеж дека цигарата ќе ги смири или опушти. Со текот на времето кај луѓето се создава навика од никотин и едноставно не можат без цигари. И најсилните карактери попуштат пред ова мало задоволство, поради кое страда најбитната работа во животот – нашето здравје! Пушењето во моментов е водечка смртна закана која покрива дури 25 проценти од вкупниот број на смртни случаи. Оваа лоша навика влијае фатално врз секој орган од човековото тело и предизвикува многу болести. За штетните последици кои ги предизвикува пушењето, но и придобивките кои ќе ги почувствувате доколку се откажете од оваа лоша навика поразговаравме со д-р Жарко Христовски, кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Одбројувањето почна

Се ближи денот кога, конечно, по девет месеци за првпат ќе го видитеи прегрнете вашето бебе. Кај некои жени во овој период се јавуваат отоци, раздразливост, умор. Но, набргу ќе дојде денот кога вие ќе станете мајка па сите проблеми во бременоста за вас ќе станат минато.
28. и 29. недела, почнува третиот триместар од бременоста
До последните недели бебето измокрува пола литар урина во плодовата вода и голта речиси исто толку плодова вода секој ден. Можеби звучи лошо, но, бебешката урина е совршено стерилна. Неделно во последниот триместар вашето бебе ќе ја зголемува својата тежина по 200 грама.
5 прашања и одговори за остеоартритис

1. Што е остеоартритис?
Остеоартритисот претставува заболување при кое доаѓа до оштетување и трошење на ’рскавицата на коленото. Како резултат на ова доаѓа до контакт на коските на зглобот. Преголемото триење може да предизвика и болка, оток, вкочанетост, ограниченост при движењето кај народот познато како формирање шилци.
Воспаление на гласните жици – ларингитис

Лето е, а гласот ви е „фатен“ и не можете да зборувате. Причина за ова е ларингитисот. Во продолжение ви одговараме на најчестите прашања и одговори за ларингитисот:
Што е ларингитис?
Ларингитисот претставува воспаление на ларингсот ( гркланот, гласните жици). Најчесто се јавува во лесна форма која поминува за една недела. Овој воспалителен процес се карактеризира со зарипнатост, но исто така може да се јави и ларингеална кашлица (која наликува на лаење на куче), отежнато вдишување воздух и пискав звук при вдишување воздух ( т.н. ларингеален стридор).
Копривата – дар од природата

Копривата е ефикасен лек за прочистување на крвта, но и силен борец против слабокрвноста и опаѓањето на косата.
Оваа билка е бесплатна супер храна, со исклучително хранлива вредност и одличен извор на витамините А, Ц, Б, D, K, на минералите калциум, калиум, магнезиум, железо, силициум, сулфур и, се разбира, на хлорофил и ензими. Копривата помага при висок крвен притисок, анемија, алергии, артритис, а исто така и за сите видови кожни заболувања. За да ги искористите нејзините придобивки консумирајте ја свежа, бидејќи ако ја готвите таа губи дел од хранливите вредности.
10 совети како да го спречите стареењето на кожата

Без оглед на тоа колку години имате, битно е да обрнете внимание на својата кожа и никогаш да не дозволите таа да остари пред време. Не е важно дали имате 20, 25, 30 или 40 години, доколку не почнете веднаш да се грижите за вашата кожа, за неколку години ќе зажалите за тоа. Сите знаеме дека е подобро да ја спречите појавата на брчките отколку да ги лечите, но многу жени ги игнорираат советите од дерматолозите и не се грижат навреме за својата кожа.
Чувајте ги колената здрави!

Во мода секогаш се високите потпетици, но кога на улица ќе забележиме како некоја млада девојка се напрегнува да оди со нив всушност сфаќаме дека освен што е смешно е и напорно. Ако настрана ги тргнеме изгубената битка со грациозноста и секси чекорот, девојките и нивните најблиски треба сериозно да размислат за понатамошните последици по здравјето.
Кога да побарате помош од нефролог?

Кога ќе се спомене зборот нефрологија најчестата асоцијација е дијализа. Нефрологијата не е само дијализа, таа е медицинска дисциплина која се занимава со дијагноза и третман на голем број бубрежни заболувања, но и на заболувања кои не потекнуваат од бубрезите, а можат сериозно да им наштетат. Во продолжение ве советуваме кога треба да побарате помош од нефролог.
Дали домашното милениче може да ве заштити од алергии?

Сигурни сме дека последната работа која ќе ви дојде на памет е да купите милениче кога очекувате бебе. Но, замислете дека токму тоа може да го заштити вашето бебе од алергиите.
Колку и да ви звучи чудно, доколку чувате домашно милениче додека вашите деца се мали, тоа може да ги заштити и да ги направи поимуни од алергии од кучиња и мачки во подоцнежните години.