Дојде првиот училиштен ден


Тргнувањето на училиште носи многу промени како во животот на детето така и во животот на родителите. Пред тргнување на училиште сè може да биде опуштено и лежерно, но училиштето е првата посериозна обврска во животот на детето.

Многу деца се радуваат на тргнувањето на училиште и на првиот училиштен ден бидејќи стануваат „големи“, но има и такви кои се плашат и со драго срце би останале дома и би си играле по цел ден. Родителите кои имаат повеќе деца често се чудат зошто децата различно се однесуваат иако се исто воспитувани.

Топ храна за борба со канцерот

Факт е дека не постои конкретна храна која може да ве заштити од канцер. Но, сепак, добра комбинација од неколку видови здрава и разновидна храна и тоа како може да направи разлика. Потрудете се за време на оброците две третини од чинијата да сочинуваат зеленчук, а една третина животински протеини.

Што значи крв во столица?

Доколку забележите крв во столицата, проблемот сфатете го сериозно. Ракот на дебелото црево не е единствената причина за појава на крв во столицата. Причина за крвава столица  може да биде многу помал проблем, но, секако, целата ситуација бара консултација со вашиот доктор и преглед. Закажете го прегледот во најскоро време.                

Кои се причините за крв во изметот?

Крвавата столица е знак  дека некаде во дигестивниот тракт има крвавење.

Неколку митови и факти за ХИВ вирусот

 

1. Доколку имате ХИВ значи дека имате СИДА

Мит. ХИВ вирусот ги уништува имунолошките клетки што всушност му помагаат на организмот да се избори со болестите. Со добра терапија можете да живеете со вирусот со години, па и децении, без вирусот да прогресира во СИДА.

Циститис

Циститот е заболување на лигавицата на мочниот меур што многу често се среќава кај жените. За циститисот нема сезона, може да се развие во кој било период од годината. Веројатноста е поголема организмот да настине во ладните денови. Настинката е важен фактор, посебно кај младите жени и девојки кои „тераат“ мода, со чизмички и голи половини за да им се видат тетоважите или пирсот.

Антибиотиците опасни по здравјето

Антибиотиците можат да влијаат на телесната тежина и значително да го зголемат ризикот од дебелеење. Земањето лекови во младоста ја зголемува веројатноста од склоноста за дебелеење во подоцниот период од животот. Антибиотиците се користат во одгледувањето на животните со цел да се зголеми нивната телесна тежина. Овој факт потврдува дека истото може да се случи и кај луѓето.

Вие и вашето бебе во првиот триместар од бременоста

Првите три месеци од бременоста се многу важен период во развојот на плодот. Започнуваат две недели по зачнувањето и трае следните три месеци. Преставува многу нестабилен период во бременоста, бидејќи е најголем ризикот од спонтани абортуси. Затоа и многу идни родители чекаат да помине овој период пред да ја објават радосната вест.

Кога вашето бебе е подготвено за разновидна храна?

Правилната исхрана има големо значење во здравиот развој на новороденчето. Со соодветна исхрана доенчето се развива и напредува брзо. Се смета дека доенчето треба до шестиот месец двојно да ја зголеми својата тежина, а до крајот на првата година и до трипати.

Воведувањето на разновидна храна е период на голема промена кај новороденчето. Период кога треба да се почне со внес на друга храна, што честопати може да резултира со одбивност и лошо расположение за прифаќање на истата.

Л–теанин во борба со стресот и уморот

Аминокиселината  L –теанин  која се наоѓа во зелениот чај има смирувачко дејство и се бори против стресот и уморот. Го ублажува чувството на анксиозност, несоница, депресивните состојби, синдром на хроничен замор и нестабилноста на крвниот притисок. Покрај тоа таа ја засилува концентрацијата и ги подобрува креативните способности. L-теанинот  се шири во меѓуклеточните простори на мозочните клетки. Го засилува имунолошкиот систем и делува како антиоксиданс и како чувар на нервните клетки.

Што е ендометриоза?

Ендометриозата e состојба во која ткивото на матката расте и ги зафаќа другите делови на  телото. Тaа може да ги зафати јајчниците, јајцеводот, надворешниот дел на матката, дебелото црево и други внатрешни регии. Како што доаѓа до хормонални промени за време на менструалните циклуси, ткивото се оштетува и може да предизвика болни атхезии или рани.