Дали вашето тело е постаро од вас?

Тоа што сте во триесеттите години од вашиот живот значи дека сте сѐ уште млади. Но, дали вашето тело е младо? Истражувањата во последно време велат дека луѓето сѐ повеќе стануваат физички постари од своите години. Причина за тоа е начинот на живот, лошите навики, нездравата исхрана, неактивноста, стресот, алкохолот, цигарите… Постојат знаци кои укажуваат на фактот дека вашето тело е постаро од вас, па проверете дали ќе препознаете некои од нив.
Нормален ритам на срцето за време на вежбањето

Пред да се посветите на вежбање задолжително консултирајте се со својот лекар за тоа кој начин на вежбање најдобро ќе ви одговара вам, односно на психо-физичката состојба на вашиот организам.
Ќе наброиме неколку основни и корисни информации во врска со работата на срцето во текот на вежбањето и параметрите кои е неопходно да се следат со цел да имате здрава и оптимална физичка активност.
Витаминска напивка за слабеење

Кога веќе морате да пиете многу вода нека биде вкусна и збогатена со многу витамини. Нутриционистите осмислиле диетална вода која можете сами да ја приготвите, а тврдат дека ќе ослабете доколку редовно јапиете.
Сериозни заболувања кои стоматолозите ги откриваат први

Стоматолозите не откриваат само заболувања на непцата, кариес или дупки во забите. Тие, исто така, можат да откријат Кронова болест, орален канцер и други сериозни нарушувања.
Работата на стоматолозите всушност е да ги проверат сите меки ткива во устата, а со тоа да откријат многу нарушувања од дијабетес до ГЕРД (гастроинтестинална рефлуксна болест).
Еве неколку болести кои вашиот стоматолог може да ги открие на редовниот стоматолошки “Check-up” преглед.
Рузмарин – билка за душата и телото

Ароматичниот рузмарин е уште една билка во низата „бисери“. Старите Грци оваа билка ја посветиле на божицата Афродита. Унгарската кралица Елизабета ја користела за подмладување, а денес не знаејќи ги нејзините лековити својства најчесто се користи како декорација за свадби. Уште одамна се верува дека неговите иглички ја ублажуваат болката, па луѓето оваа билка ја ставале директно на раните.
Стомачни проблеми за време на патувањето

Кога патуваме, без оглед на тоа дали сме заминале на еднодневен пикник или, пак, на годишен одмор сме изложени на здравствени ризици. Вирусни или бактериски инфекции, но и од нечиста вода или храна, лоша хигиена на рацете, капењето во загадена вода се причини кои предизвикуваат проблеми со стомакот и честопати можат да ни го расипат летниот одмор. Флашираната вода и проверената храна се гаранција за летување без главоболки.
Неколку факти за ракот на белите дробови

Ракот на белите дробови е водечка причина за смртност споредено со другите карциноми. Ова е еден од најподмолните малигни тумори бидејќи симптомите се јавуваат кога болеста е во поодмината фаза, кога и шансите за излекување се помали. Најголема причина за развој на овој карцином е пушењето. Во светот секоја година се откриваат 1 200 000 нови случаи од оваа болест, од кои 1 000 000 умираат.
Добрите страни на магдоносот

Многумина не го сакаат магдоносот, но сигурно тоа е така бидејќи сè уште не ги чуле добрите страни и позитивните ефекти од него. Се користи уште од минатото заради своите лековити својства и е многу повеќе од декорација. Нема високо-калорична вредност, но е исклучително богат со минерали и витамини.
Уринарната инконтиненција може да се лекува

Уринарната инконтиненција е неконтролирано испуштање на урината од мочниот меур. Доколку зачестено уринирате или имате зачестени нагони за мокрење, веднаш јавете се на доктор. Состојбата може да се излекува полесно отколку што можете да замислите!
Вежбајте пилатес

Пилатес вежбите го релаксираат човековиот ум поради совршениот начин на кој се осмислени и групирани, го нормализираат крвниот притисок, го намалуваат стресот. При тоа, тие воопшто не претставуваат макотрпна техника која предизвикува замор и болка.