Заблуди за акните

• Акните се појавуваат поради нечистотија. НЕTOЧНО
Акните не се поврзани со нечистотијата. Ако размислуваме така, тоа би значело дека со чистење на кожата нема да се предизвикаат никакви иритации.
• Акните се заразна инфекција. НЕTOЧНО
Акните не се заразна и инфективна болест. Тие играат улога во формирањето на бактерии кои веќе претходно биле присутни на кожата.
Зошто мајчиното млеко е најздраво?

Мајчиното млеко во себе содржи белковини кои квалитативно и квантитативно се прилагодени на потребите на детето. Тоа содржи протеини кои не доведуваат до осетливост на детето. Мастите во мајчиното млеко се во лесно сварлива форма за детето и притоа не го оптоваруваат гастроинтестиналниот тракт. Покрај тоа, богато е со незаситени и есенцијални масни киселини, кои се важни за развојот на нервниот систем на детето. Има адекватна концентрација на микроелементи и витамини, а со тоа и подобра апсорпција и искористливост од страна на детскиот организам.
Зошто доењето е важно за вашето бебе?

Дознајте неколку факти за доењето пред да се роди вашето бебе!
Што е аневризма?

Аневризмата претставува проширување на крвен сад и она што е најбитно е нејзиното навремено дијагностицирање бидејќи со текот на времето може да се прошири и да дојде до распукување на крвниот сад, што е многу опасна појава. Семејната историја е еден од ризик факторите кои не можете да ги контролирате. За време на прегледот докторите најпрвин ги испитуваат отчукувањето на срцето и артериите на вратот (каротиди), па се проверува крвниот притисок и се врши палпација.
Што е селен?

Селенот е силен антиоксиданс, посебно ако се комбинира со витамин Е. Значаен е за јакнење на имунитетот и е неопходен за правилно функционирање на штитната жлезда.
Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во човековиот организам. Во комбинација со витаминот Е ги елиминира слободните радикали кои можат да ги оштетат клеточните мембрани и ДНК, а со тоа се придонесува за побрзо стареење на организмот и развој на кардиоваскуларни заболувања и канцер.
Супер рецепт за зелено смуди

Потребни состојки:
- 1 банана
- 1 ѓумбир (просечна големина)
- 1 шолја диња
- 1 шолја свеж ананас
- 2 грста спанаќ
- 1 лажица мед
- 1 чаша вода
- 1 шолја мраз
Начин на подготовка:
Колоноскопијата – златен стандард во скринингот на канцер на дебело црево

Не земајќи го предвид канцерот на кожа, канцерот на дебелото црево е третиот најчест карцином кај машката и женската популација. Како и другите видови канцер, доколку рано се открие може да се излекува. Овој вид канцер се јавува како резултат на формирањето на абнормални клетки на ѕидовите на дебелото црево или ректумот.
Здрава или нездрава храна?

Денес низ супермаркетите и пазарите имаме голем избор на разновидна храна за која би се обложиле дека е здрава и дека ги содржи сите потребни состојки за нашиот организам. Но, сепак, не е така како што изгледа.
4Д Ултразвук – Реален приказ на вашето бебе

Ултразвукот, популарно наречен ЕХО, е софистицирана метода за дијагностицирање на евентуалните аномалии во бременоста. Бројните истражувања докажаа дека ултразвукот не преставува никаква опасност за мајката и за плодот.
Внимавајте на ’рбетот

Она што ги одделува овие повреди од другите се тешките, често и трајни последици кои ги оставаат, како директно врз физичкото и психичкото здравје на повредениот така и врз неговото семејство и општеството во целина. Процесот на рехабилитација е долг, исцрпувачки, многу често и обесхрабрувачки, бара мобилизација на броен медицински персонал и активно учество на семејството поради намалениот квалитет на живот на повредениот и зависноста од туѓа помош и нега.