Храна за подолг живот

sistina

Лошите животни навики како што е исхраната богата со маснотии, брзата храна и спортската неактивност можат да го зголемат ризикот од појава на канцер и срцеви заболувања. Со цел да се заштитите од овие заболувања, како и од оние кои доаѓаат со староста, потребно е да се храните на соодветен начин. Всушност, постојат состојки кои навистина можат да ви го продолжат животот.

2000 Македонци годишно имаат срцев удар

sistina

Дали знаете да ги препознаете симптомите?

Ниеден срцев удар не е ист. Некој кој имал срцев удар може да има повторно, но со сосема различни симптоми.

Првите знаци и симптоми се разликуваат кај секој пациент. Срцевите удари не секогаш се ненадејни и жестоки. Во многу случаи тие почнуваат полека, со блага болка и непријатност. Некои лица воопшто немаат болка во градите –само непријатно чувство во горниот дел од телото.

Ноктите – огледало на здравјето

sistina

Очите се можеби огледало на душата, но вашите нокти се огледало на здравјето. Секој се воодушевува кога ќе види убави и средени нокти, посебно ако тие се природни. Но дали сте знаеле дека ноктите можат да кажат многу работи за карактерот и здравјето на жената. Освен што можат да бидат убави и средени, може да се појават и проблеми, лесно да се кршат и пукаат. Ова е знак дека нешто не е в ред со вашето здравје. Доколку имате некои од следниве симптоми, обратете се на дерматолог.

Чискејк со малина

sistina

Состојки:

– 3 големи лажици стопен путер
– 3 големи лажици незасладен јаболков сос
– 2 чаши крекери во трошки
– 200g малку масно крем сирење
– 8/4 чаша шеќер
– 1 јајце
– 2 белки
– 1 лажичка ванила
– 300g џем од малина
– 1 чаша свежи малини

Се плашите ли од петок 13?

sistina

Стравот од петок 13

Дали се плашите од денот петок 13? Доколку одговорите со „да“, знајте дека не сте единствени.Експертите велат дека повеќе од 20 милиони луѓе се плашат од овој таканаречен несреќен ден. Психолозите, пак, велат дека луѓето често се обидуваат, на секаков начин,  да го избегнат овој ден.

Како добриот сон влијае на вашата кожа?

Има вистина во тоа дека колку подолго спиете толку поубавa кожа ќе имате. Додека вие спиете вашата кожа се одмора и се регенерира, па затоа кога се будите наутро по добар одмор изгледате свежо и наспано, а кожата на лицето ви блеска. Но, и колку повеќе спиете, толку почиста кожа ќе имате. Недостигот на сон може да доведе до појава на стрес, што предизвикува појава на акни и мозолчиња, дури и кај возрасните. Едно истражување покажало дека студентите за време на испит, кога се под стрес, имаат повеќе акни отколку нормално.

Навивајте со здрава храна

sistina

20 часот е а вие ги гледате долго очекуваните натпревари од Светското првенство во фудбал.  Вашите црева почнуваат да кркорат и ве фаќа глад. Во дилема сте дали да го отворите мега зачинетиот чипс или чоколадниот сладолед.

Со ваквите оброци морате да бидете многу внимателни. Овој оброк доцна во ноќта може да го наруши вашиот деноноќен ритам и да ги зголеми шансите за дебелеење. Да бидеме попрецизни, јадењето во ваквите термини од денот ги збунува органите и метаболизмот. 

Како да се справите со нискиот крвен притисок?

Доколку крвниот притисок отстапува од нормалните вредности (120/75 ммХг), се јавуваат проблеми. Многу често се зборува за високиот крвен притисок. Но, треба да знаете дека ни нискиот притисок не е за потценување. Од него не се умира, но може да влијае врз квалитетот на живот.

Пониските вредности на крвниот притисок без тегоби, ако се постојани, не претставуваат проблем, односно ризик за подоцнежни кардиоваскуларни компликации. Тоа е честа појава на помлада возраст, но и подоцна со возраста, како крвните садови ја губат еластичноста, вредностите на крвниот притисок постепено се покачуваат.

Страв од гинеколог

Не сакам на гинеколог

Иако постојано се зборува дека карциномот се лекува доколку се открие навреме, за жал, сè уште постојат предрасуди кои само ја зголемуваат бројката на карциноми откриени во напредни стадиуми.

Карциномот на грлото на матка се открива едноставно со редовни гинеколошки прегледи. Иако постојано се зборува и апелира еднаш годишно да го посетите вашиот гинеколог, статистиките не се менуваат.

Откријте ги сигналите на вашето тело

sistina

Брзиот живот, лошите животни навики, меѓу кои и брзата храна, можат да доведат до недостиг на витамини и минерали кои му се неопходни на вашето тело за нормално да функционира. Доколку му недостасува нешто, вашето тело ви испраќа аларм. Треба да бидете информирани и да ги препознаете симптомите. Во прилог ве советуваме како лесно да ги прочитате знаците што ви ги испраќа телото. Запомнете, за секој ваш проблем треба да се консултирате и со вашиот лекар.