Неколку факти за малигните болести

Современата медицина, како и употребата на врвната медицинска апаратура овозможуваат рано откривање на малигните болести. Од особена важност за успешно лекување е и раната дијагноза. Токму поради овој факт, раната дијагноза на малигните болести е подеднакво важнa како и самиот метод на лекување.

Терапија со ленти – за движење без болка

sistina

Долготрајната и упорна болка како што е болката во вратот или во грбот, вкочанетоста во рамената или чувството на болнаиритација во некој зглоб претставува голем проблем за пациентите. Иако постојат повеќе третмани, понекогаш е потребна поддршка во текот на целиот ден бидејќи пациентите секојдневно се изложени на голем притисок на пример  додека седат во канцеларија, возат автомобил или ги извршуваат секојдневните обврски.

Дијабетес и здравјето на вашите заби

Можеби мислите дека дијабетесот и здравјето на вашите заби немаат многу допирни точки, но верувајте дека не е така. Доколку не ја контролирате оваа болест и не водите сметка за вашите заби, може да се појават сериозни компликации.

Проблемите со бубрезите го оштетуваат срцето

Хроничната бубрежна болест е „тивок“ убиец. Во почетен стадиум болеста нема симптоми, додека во крајниот стадиум на болеста потребно е лекување  со дијализа и трансплантација на бубрег. Секое нарушување во работата на бубрезите го зголемува и ризикот од болести на срцето и мозочен удар.

Пап-тестот може да го спаси вашиот живот

Со ПАП-тестот може да се откријат раните знаци на ракот на грлото на матката. Доколку се открие на време, процентот на преживување е многу висок. Во продолг ви даваме одговор на најчестите дилеми поврзани со ПАП-тестот.

Како да препознаете воспаление на слепо црево?

Слепо црево е всушност црвовиден израсток чиј лумен е поврзан со почетниот дел на дебелото црево. Локализиран на 2 сантиметри од спојот на тенкото и дебелото црево. Овој орган ја изгубил својата функција во тек на еволуцијата. Се наоѓа на десната страна , но се случува, иако многу ретко, слепото црево да биде сместено и на левата страна.

5 причини да пешачите

sistina


Пешачењето го намалува стресот, расположението и ја подигнува самодовербата

Најчесто кога сме лути и нервозни сакаме да излеземе од дома и да се смириме пешачејќи. И сигурно ви се случило по кратката прошетка да се вратите дома посмирени и посвежи. Токму тоа се придобивките од пешачењето – намалување на стресот. Исто така, многу истражувања велат дека пешачењето влијае и врз доброто расположение поради фактот дека во телото се ослободува природниот хормон ендорфин.

Здрав имунолошки систем е основен предуслов за здравје!

sistina

Здрав имунолошки систем е основниот предуслов за добро здравје на човекот, долг и квалитетен живот. Основен предуслов за здравје во сезоната кога многу често се јавува грип и настинки е добриот сон и одмор, правилна исхрана, што помалку стрес, умерена физичка активност. Различните видови мултивитамини и мултиминерали служат да го дополнат потребното количество на одредени витамини и минерали, доколку во организмот постои нивен недостиг.

Појадокот, најважен оброк!

sistina

Слободно можеме да кажеме дека појадокот е најважниот оброк и претставува предуслов за добар почеток на денот. Правилниот и добро избалансиран појадок може да придонесе и за подобри резултати во работењето. За таа цел важноста на појадокот треба почесто да се спомнува, а најмногу затоа што повеќе од 50% од луѓето воопшто не појадуваат.

Кога се прескокнува појадокот, најчесто следи умор во текот на останатиот дел од денот, како и недостиг на енергија за правилно функционирање на телото и мозокот.

Медицинска масажа во служба на здравјето

sistina

Мануелната масажа во основа претставува лекување со допир. “Триењето” на дел од телото во момент на болка е природен инстинкт кој во тој момент нуди утеха, ја ублажува болката и ревиталзира. Терапевтската масажа е својствена за сите култури, со што тешко може да се одреди нејзиното потекло, иако постојат податоци кои ја претставуваат улогата на масажата од најрани времиња до денес.