Совети за подобрување на силата на мозокот

Како стареете, вашата меморија се влошува. Затоа, постојат неколку работи кои можете да ги применувате со цел да го вежбате вашиот мозок и да го забавите процесот на губење на меморијата. Најдобро решение за да ја подобрите когнитивната функцијата на мозокот и да превенирате Алцхајмерова болест е да бидете активни.
Докторите препорачуваат да бидете постојано активни, не само психички туку и на социјален план. Од овој аспект, свирењето на некој инструмент е активност која секако ќе направи голема разлика во одржувањето на когнитивното здравје.
Не постои „здрава дебелина“!

Постојат луѓе кои тврдат дека може да се има вишок килограми и да се биде здрав, но лекарите алармираат дека ова не е точно. Теоријата е дека луѓето кои имаат вишок килограми, но немаат срцеви заболувања, може да се сметаат за здрави. Но, најновите истражувања открија дека дебелите луѓе имаат многу поголема шанса да заболат од атеросклероза – дури и ако немаат проблеми со срцето.
Летен рецепт – Разладувачки крем со краставица и јогурт

Овој освежувачки крем сос е совршен за разладување во летниот период, но и за вашиот летен пикник. Содржи краставица и јогурт и е одличен за вашиот стомак. Доколку сте повеќемина и сакате убаво да се најадете, можете да ги зголемите состојките за кремот двојно или тројно.
Состојки:
– 200 ml безмасен јогурт
– 1 лажичка ситно сечкан лук
– 1 голема лажица ситно сечкана краставица
– ½ лажичка сув копар
– 1 лажичка лимонов сок
– ½ лажичка маслиново масло
– 1/8 лажичка сол
– 1/8 лажичка црвен пипер
Храна за подолг живот

Лошите животни навики како што е исхраната богата со маснотии, брзата храна и спортската неактивност можат да го зголемат ризикот од појава на канцер и срцеви заболувања. Со цел да се заштитите од овие заболувања, како и од оние кои доаѓаат со староста, потребно е да се храните на соодветен начин. Всушност, постојат состојки кои навистина можат да ви го продолжат животот.
2000 Македонци годишно имаат срцев удар

Дали знаете да ги препознаете симптомите?
Ниеден срцев удар не е ист. Некој кој имал срцев удар може да има повторно, но со сосема различни симптоми.
Првите знаци и симптоми се разликуваат кај секој пациент. Срцевите удари не секогаш се ненадејни и жестоки. Во многу случаи тие почнуваат полека, со блага болка и непријатност. Некои лица воопшто немаат болка во градите –само непријатно чувство во горниот дел од телото.
Ноктите – огледало на здравјето

Очите се можеби огледало на душата, но вашите нокти се огледало на здравјето. Секој се воодушевува кога ќе види убави и средени нокти, посебно ако тие се природни. Но дали сте знаеле дека ноктите можат да кажат многу работи за карактерот и здравјето на жената. Освен што можат да бидат убави и средени, може да се појават и проблеми, лесно да се кршат и пукаат. Ова е знак дека нешто не е в ред со вашето здравје. Доколку имате некои од следниве симптоми, обратете се на дерматолог.
Чискејк со малина

Состојки:
– 3 големи лажици стопен путер
– 3 големи лажици незасладен јаболков сос
– 2 чаши крекери во трошки
– 200g малку масно крем сирење
– 8/4 чаша шеќер
– 1 јајце
– 2 белки
– 1 лажичка ванила
– 300g џем од малина
– 1 чаша свежи малини
Се плашите ли од петок 13?

Стравот од петок 13
Дали се плашите од денот петок 13? Доколку одговорите со „да“, знајте дека не сте единствени.Експертите велат дека повеќе од 20 милиони луѓе се плашат од овој таканаречен несреќен ден. Психолозите, пак, велат дека луѓето често се обидуваат, на секаков начин, да го избегнат овој ден.
Како добриот сон влијае на вашата кожа?

Има вистина во тоа дека колку подолго спиете толку поубавa кожа ќе имате. Додека вие спиете вашата кожа се одмора и се регенерира, па затоа кога се будите наутро по добар одмор изгледате свежо и наспано, а кожата на лицето ви блеска. Но, и колку повеќе спиете, толку почиста кожа ќе имате. Недостигот на сон може да доведе до појава на стрес, што предизвикува појава на акни и мозолчиња, дури и кај возрасните. Едно истражување покажало дека студентите за време на испит, кога се под стрес, имаат повеќе акни отколку нормално.
Навивајте со здрава храна

20 часот е а вие ги гледате долго очекуваните натпревари од Светското првенство во фудбал. Вашите црева почнуваат да кркорат и ве фаќа глад. Во дилема сте дали да го отворите мега зачинетиот чипс или чоколадниот сладолед.
Со ваквите оброци морате да бидете многу внимателни. Овој оброк доцна во ноќта може да го наруши вашиот деноноќен ритам и да ги зголеми шансите за дебелеење. Да бидеме попрецизни, јадењето во ваквите термини од денот ги збунува органите и метаболизмот.