ДЕБЕЛИНАТА ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕНА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ, А ЧЕТИРИКРАТНО КАЈ ДЕЦАТА И АДОЛЕЦЕНТИТЕ

Дебелината претставува сериозна медицинска состојба придружена со многу здравствени компликации. Но и покрај сите статии, предупредувања и пораки од страна на лекарите, стапката на дебелината низ светот продолжува да расте. Д-р Надица Божиновска-Димова, специјалист по ендокринологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објаснува дека последната студија објавена на оваа тема во реномираното медициско списание „Лансет“ укажува […]

ТРЕТМАН НА АДХД – СИНДРОМ НА ДЕФИЦИТ НА ВНИМАНИЕ И ХИПЕРАКТИВНОСТ КАЈ ДЕЦА

Синдромот на дефицит на внимание и хиперактивност или АДХД е состојба на менталното здравје, која се манифестира со одвлекување на вниманието, хиперактивност и импулсивност до тој степен што тие го попречуваат секојдневниот живот на индивидуата. АДХД е едно од најчестите невро-развојни нарушувања во детството – состојба што започнува во развојниот период и влијае врз начинот […]

ТРЕТМАН НА ТУМОРИ НА ЖЕНСКИ РЕПРОДУКТИВНИ ОРГАНИ

Покрај карциномот на дојка, кој е најчестото малигно заболување кај жените, сè почести се и малигните тумори на матката и јајчниците. Од големо значење кај малигните болести на репродуктивните органи е тоа што не даваат симптоми во раниот стадиум на болеста, па затоа и потешко е да се дијагностицираат во рана фаза кај пациентки што […]

ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН НА ГИНЕКОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ

Низ процесот на природно стареење, човечкото тело претрпува бројни промени. Со текот на годините како што старее кожата на целото тело, се губи еластичноста, а тоа се случува и кај жените во гениталната регија. Голем број жени страдаат од стрес- инконтиненција или состојба на неволно истекување на урина при напор – најчесто кашлање, физичка активност, побрзо […]

ВЛИЈАНИЕТО НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВРЗ ЧОВЕКОВОТО ЗДРАВЈЕ

Екстремното загадување на воздухот веќе стана хроничен проблем, директно или индиректно сме изложени, а неговиот интензитет е поголем поради греењето и издувните гасови од моторните возила. Изложувањето на загаден воздух може да доведе до намалена функција на белите дробови, респираторни инфекции и влошување на астмата, како и до разни други здравствени проблеми“, вели д-р Оливер […]

ОДНОСОТ ПОМЕЃУ АЛБУМИН И КРЕАТИНИН, КАКО РАН ИНДИКАТОР ЗА БУБРЕЖНО ЗАБОЛУВАЊЕ

Една од главните задачи на бубрезите е да ја филтрира крвта. Тие треба да ги сочуваат важните компоненти од крвта што му се потребни на телото, а да го отстранат она што не му е потребно на нашето тело, како што се крајните продукти на метаболизмот и вода. Здравите бубрези можат да дозволат само мала […]

МАСТЕКТОМИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОЈКА ВО ЕДЕН АКТ

Третманот за лечење на рак на дојка бара мултидисциплинарен пристап и тимска работа на специјалисти од различни специјалности како радиолози, онколози, хирурзи и радиотерапевти кои врз основа на утврдување на сите фактори потоа планираат индивидуална програма за третман за секој пациент.  „Најдобро е кога првиот чекор во третманот за лечење на рак на дојка е […]

Лекување со радиоактивен јод

Радиојодната терапија е постапка на лекување на одредени болести на тироидната жлезда со радиоактивен јод I-131. Д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина, објаснува дека терапијата со радиоактивен јод I131 е нуклеарно медицинска процедура за третман на хиперактивна тироидна жлезда и на состојба по операција на одредени типови карциноми на тироидната жлезда.

АРИТМИЈАТА ГО ОСЛАБУВА СРЦЕТО

При физичка активност нормално е срцевиот ритам да се забрза, но постепено. Степенот на забрзување на срцевиот ритам зависи од физичката кондициска подготвеност на индивидуата. По физичката активност, срцевиот ритам постепено се враќа во нормални граници. Кај децата помали од 14 години, нормално е ритамот во мир да биде и поголем од 100 удари во […]

Карцином на тироидна жлезда

Тироиден карцином се појавува кога клетките во тироидната жлезда претрпуваат генетски промени (мутации). Најчесто се јавуваат како испакнување (јазол), кое на палпација може да се почувствува преку кожата на вратот, но може и да не се палпира доколку е со помали димензии. Јазолот може да варира во големината. Изграден е од клетки што се со […]