Проф. д-р Николиќ : Правиме револуција во медицината која не запира овде

Во годината што измина тој вгради две вештачки срца – интервенција со која им дари нов живот на своите пациенти, на наши сограѓани. Кардиохирургот проф. д-р Александар Николиќ е дел од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и тој на наше тло изведе операција која впрочем е една од петте најголеми достигнувања на каридоваскуларната медицина во 2018 […]
Задолжителни прегледи за 2019 година

Одржувањето на здравјето е првиот чекор за долг и квалитетен живот. Тоа што секој од нас треба да го направи на почетокот на годината е план на прегледи, кои задолжително треба да се направат согласно возраста. Навременото откривање на ризик факторите и нивна контрола можат да го спасат вашиот живот.
Виното го намалува ризикот од срцев удар

Многу студии потврдиле дека умерено конзумирање на вино значајно ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања. За благотворното дејство на виното знаел уште и Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана.
Внимателно со храната и алкохолот за време на празниците

Земањето голема количина храна, особено таа што е богата со сол, и консумација на алкохол во големи количини доведува до нагло качување на крвниот притисок и самиот тој прави одредени проблеми во здравствената состојба кај луѓето. Прославата на новогодишните и божикните празници може лесно да се расипе ако не внимавате поради претераното консумирање руска салата, прасешко […]
Напнатост и стрес пред празниците

Празничниот стрес може да се манифестира на различни начини – претпразнична напнатост или загриженост за тоа како ќе помине празникот, страв од патување, страв од социјализирање, конфликти врзани за изборот на начинот или местото каде што ќе се помине празникот, напнатост при средбите со поширокото семејство, напнатост пред завршувањето на празникот и сл.. Од психички аспект посебно е интересен „синдромот“ на годишнините.
Нервозно дебело црево

Синдромот на нервозно дебело црево е една од најнепријатните стомачни тегоби, но и најчесто гастроинтестинално заболување во клиничката пракса. Ова нарушување влијае на квалитетот на секојдневниот живот. Голем дел од луѓето имаат проблеми со варењето на храната, но немаат поставена дијагноза, ниту, пак, земаат лекарства. За симптомите, причинителите и лекувањето разговаравме со проф. д-р Васко […]
Ласерско белење на забите за здрава, бисерна насмевка

Убавата и бела насмевка е секогаш предност за сите. Белите заби се од голема помош и во социјалниот живот. Мажите со бели заби се секогаш добри придружници, додека жените со убави и бели заби се секогаш навистина многу привлечни. Белите заби долго време се сметаат за пријатели на убавината и доброто здравје. Луѓето со бели […]
Чести модринки и хематом – први знаци за тромбоцитопенија

Тромбоцитите се создаваат во коскената срцевина и преживуваат околу десетина дена во циркулацијата каде учествуваат во одржување на васкуларниот интегритет. Д-р Лилјана Хаџи Пецова, хематолог, објаснува дека нормално бројот на тромбоцити изнесува од 150.000-450.000 на микролитар крв, а тромбоцитопенија се дефинира како број на тромбоцити под 150.000. Како резултат на зголемена деструкција на тромбоцитите, коскената […]
Д-р Ортаков: Жените жртви на насилство страдаат од депресија и анксиозност

Жените во Македонија и натаму трпат и се плашат да пријават дека се жртви на семејно насилство. Причина е срамот од околината, но и стравот дека можат да го изгубат семејството. Невропсихијатарот Владимир Ортаков прави профил на македонската жена. Вели дека свесноста да се побара стручна помош расте, но не до степен каков што е […]
МИКРОХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ЛУМБАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА

Дисектомија е хируршка процедура со која се отстранува оштетениот дел од дискусот. Ова оштетување предизвикува иритација и притисок врз околните нерви, па пациентите чувствуваат болка, вкочанетост или слабост. Симптомите може да се појават во пределот на долниот дел од грбот и/или нозете. Поголем дел од луѓето кои ги чувствуваат овие симптоми може да се ослободат […]