Болка во рамо

Долготрајното седење во канцеларија пред компјутер влијае на вашите мускули. За да ги спречите и превенирате грчевите или болките, консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ви предложи едноставни вежби за истегнување кои можете да ги правите дури и во вашата канцеларија. Болката во рамото е една од најчестите болки кај човекот од причина што […]
Аномалии на матка

Секоја промена во формата и градбата на утерусот (матката) може неповолно да влијае на репродуктивната способност (неплодност) и репродуктивниот исход (абортус, предвремено породување, малпрезентација на плодот, застој во растот на плодот) објаснува д-р Клементина Кузеска, гинеколог-акушер, дел од тимот за асистирана репродукција. Аномалиите во формата и градбата на матката можат да бидат вродени и стекнати. […]
Брз и безбеден медицински транспорт

Современо возило комплетно опремено за сите видови на траснпорт, специјализизран тим доктори, достапност 24/7, транспорт на критични новороденчиња во земјава и надвор. Д-р Ивица Димитров, анестезиолог ги објаснува главните карактеристики на медицинскиот транспорт во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Ревматоиден артритис кај деца

Oток, болка и утринска вкочанетост на зафатените зглобови се главни симптоми по кои се препознава оваа болест. JИА или уште познат како хроничен јувенилен артритис е артритис на еден или повеќе зглобови кој се јавува на возраст под 16 години и трае најмалку 6 недели. Д-р Светлана Крстевска Блажевска, детски кардиолог, вели дека е најчеста […]
3D панорамска снимка на заби

Рендгенската снимка открива голем број болести на забите и околните ткива кои не можат да се видат при обичен стоматолошки преглед. Од состојбата на забите, корените, поставеноста на вилиците па сè до целокупниот состав до фацијалните коски. Според д-р Миле Марин, стоматолог, ова важно дијагностичко средство може да помогне да се утврди присуството или степенот […]
Акутен синузит

Во текот на зимските месеци се зголемува бројот на акутни горнореспираторни инфекции. Акутното воспаление на синусите, придружено со назална опструкција, засилена секреција, кашлица, болка и покачена телесна температура, може битно да влијае врз вашата здравствена состојба. Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог, советува како да се заштитите од акутните воспаленија на параназалните синуси. Што се синуси? Синусите […]
Што се крие зад хроничната кашлица?

Хронична кашлица се нарекува секоја кашлица која трае подолго од 8 недели, односно од 4 недели кај деца. Таа е состојба која предизвикува не само непријатност туку во некои ситуации комплетно го нарушува нормалното живеење преку нарушување на сонот и доведува и до исцрпеност. Што ја предизвикува? Во некои случаи е особено тешко да се […]
Болки во раст

Понекогаш се случува мало дете (обично кога расте брзо) одеднаш да почувствува силна болка во нозете. Нема оток, нема црвенило, движењата се уредни, но детето кажува и покажува дека мускулите на нозете го болaт. Болката понекогаш е многу силна, така што малите деца плачат, дури може да ги разбуди од сон и целата ситуација да […]
За постот и здравата исхрана – Д-р Марјан Димитровски

Многу актуелна тема во последно време е здравата исхрана и здравиот начин на живеење. Во деновите кога се актуелни божиќните пости, кои се најдолги, заедно со велигденските, се наметнува прашањето дали постите се вклопуваат во здравиот начин на живеење и на здрава исхрана. Одредени категории луѓе не треба да се придржуваат кон строгите правила за […]
Интервенции на каротидни артерии

Стеснувањето и затнувањето на каротидните артерии (големи артерии на вратот кои го снабдуваат мозокот со крв) опфаќаат околу 30% од причини за настанување мозочен удар. Од посебно значење за појавата на мозочниот удар се промените во вратниот дел на артериите најчесто на местото на двоење на заедничката каротидна артерија во внатрешна и надворешна. Во Клиничката […]