Микрохируршки третман на лумбална дискус хернија

Дисектомија е хируршка процедура со која се отстранува оштетениот дел од дискусот. Ова оштетување предзвикува иритација и притисок врз околните нерви, па пациентите чувствуваат болка, вкочанетост или слабост. Симптомите може да се појават во пределот на долниот дел од грбот и/или нозете. Поголем дел од луѓето кои ги чувствуваат овие симптоми може да се ослободат […]

Аневризма на мозок

На местата каде се делат големите крвни садови во мозокот може да постојат „темпирани бомби“ аневризми, кои никогаш не се знае кога ќе „експлодираат“. Аневризмите или проширената артерија најчесто се вродени аномалии што може да се присутни подолго време кај пациентот, а тој да не чувствува никакви симптоми. Според проф. д-р Јовица Угриновски, неврохирург, аневризмата многу ретко може да се дијагностицира на рутински прегледи бидејќи не манифестира никакви симптоми. Во голем број случаи се открива кога ќе прсне и прокрвави, а ваквата состојба е опасна по животот за пациентот.

Ургентен центар

Ургентниот центар кој е дел од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ претставува еден од клучните и најважни оддели во склоп на болницата. Со ургентниот центар болницата во целост ги исполнува потребите за беспрекорно функционирање, овозможува потполна и квалитетна здравствена грижа, особено за оние пациенти кои се наоѓаат во животнозагрозувачка состојба и на истите им е потребна […]

Метастатски карцином на коски

Коските, белите дробови и црниот дроб се најчестите органи каде што се шират клетките на карциномот, односно каде што метастазираат. Три до четири случаи на метастази во коските се резултат на тумори во дојки, простата, бели дробови и бубрези. Метастазите на коски може да се јават на која било коска, но најчести се на карлицата […]

Престој во NICU што треба да знаете

Грижата, негата и лекувањето на предвремено родените бебиња бара големо познавање и искуство на тимот, а пристапот во водењето треба да е мултидисциплинарен. Д-р Симонида Спасевска, педијатар неонатолог, вели дека покрај спасување живот, стабилизација и добра општа состојба, заложбите треба да се насочени и кон психомоторна стимулација и социјализација на овие бебиња. Важна улога во […]

Скен на коски со најсовремена спект гама камера

Скен на коски претставува специјализирана нуклеарно-медицинска процедура за идентификување на регии на метаболни коскени промени. Д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина објаснува дека со ова испитување се прикажуваат аспектите на коскениот метаболизам или коскеното ремоделирање, кои повеќето други техники не можат да го детектираат. Како се изведува? На пациентот најпрво интравенски му се вбризгува […]

Живот по операција на тироидна жлезда

Болестите на тироидната жлезда се меѓу најчестите заболувања на глобално ниво. Тие се почести кај женската популација и односот маж/жена се проценува дека е 1:7. Истите може да се поделат во две групи: болести кои се јавуваат како последица на нарушена морфологија на тироидната жлезда и болести кои се јавуваат како последица на нарушена функција […]

D-димери во бременост

Во текот на нормална бременост постои зголемен ризик од крвавење и тромбоза. Ризикот од крвавење е повисок во периодот околу и по породувањето, а ризикот од тромбоза е зголемен во текот на целата бременост, особено по породувањето. Со самата бременост доаѓа до промени во системот на згрутчување на крвта и настанува т. н. хиперкоагулабилна состојба, […]

Бубрежна колика – болка што не се заборава

Силна, остра болка во слабината што се јавува нагло и без предупредување е нешто на што долго ќе се сеќава секој кој поминал низ т. н. бубрежна колика, која по својот интензитет е една од најјаките болки во медицината. Најчест „виновник“ за оваа состојба е бубрежно каменче кое го започнало своето „патување“ од бубрегот кон […]

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА НАПРАВИТЕ МАМОГРАФИЈА

Можете да имате илјада изговори за да не отидете на редовен преглед и да не направите мамограф, но водете се од фактот дека карциномот на дојка е најчестото малигно заболување кај жените. Д-р Маја Стојчевска-Чапова, радиолог, советува дека само раната дијагноза спасува животи. Што претставува дигиталната мамографија Дигиталната мамографија претставува систем во кој рендген-снимките се […]