Крв во урина – што може да ја предизвика?

Голем број заболувања и состојби во организмот може да бидат причина за појава на крв во урината. Доколку сте забележале крв во урината, потребно е да се консултирате со вашиот лекар, кој ќе ви даде насока на испитувања кои се потребни за да се детектира вистинската причина. Посериозни се микроскопските крвавења во урината кои не можете да ги видите со голо око, а исто така се знак за појава на одредено нарушување на системот за филтрирање на материите кои се излачуваат преку урината. Дознајте ги најчестите причини за појава на крв во урината.

Внимавајте со алкохолот на минусните температури

Поларните температури кои од утре и кај нас ќе се спуштат и до минус 20 Целзиусови степени, се многу опасни за здравјето, а може да бидат дури и фатални бидејќи доаѓа до нагло стеснување на крвните садови. Тоа што е особено опасно е злоупотребата на алкохол на вакви временски температури, зашто многу е поопасно ако на студено се изложите во алкохолизирана состојба, предупредуваат кардиолозите. Лекарите, пред претстојните божиќни празници, предупредуваат да внимаваат граѓаните кои утре-вечер, за време на бадникарскиот оган, надвор на студот ќе консумираат греена ракија и други алкохолни пијалаци.

Најчести прашања за HSG

Хистеросалпинографија или HSG е важна дијагностичка постапка за утврдување на плодноста кај жената. Најчесто се препорачува кај жени кои подолго време имаат проблем да останат бремени. Се изведува со помош на Х-зраци, со кои се визуализира внатрешноста на матката и јајцеводите.

Како да го препознаете срцевиот удар

Како и секој мускул во телото, така и срцето има потреба од постојано снабдување со кислород и хранливи материи. Две големи разгранети коронарни артерии го снабдуваат срцевиот мускул со оксигенирана (богата со кислород) крв. Ако една од овие артерии или гранки се стеснат/блокираат, еден дел од срцето останува без/со намалена достава на кислород, состојба наречена „срцева исхемија“. Ако оваа состојба трае подолго време, срцето „гладува“ и ткивото умира. Ова е срцев удар познат како миокарден инфаркт или буквално „смрт на срцевиот мускул“.

Дехидратација кај пациентите со канцер

Дехидрација претставува прекумерно губење телесни течности кое се јавува како резултат на недоволен внес на течности во организмот. Дехидрацијата е особено важно да се превенира кај пациентите со канцер, кои за време на третманот имаат некои од несаканите ефекти, како повраќање, покачена температура, дијареја, кои може за кратко време да доведат до нагло губење течности. Оваа состојба не треба да се занемарува бидејќи може да има животозагрозувачки ефект.

Депресија кај мажите

Депресијата различно се рефлектира кај мажите и кај жените. Мажите имаат различни техники на справување со оваа состојба за разлика од жените. Исто како жените, депресивните мажи не се исполнети од активностите во кои до вчера уживале и постојано се тажни и несреќни. Оваа состојба може да има и други знаци кои мажите ретко ги поврзуваат со депресија:

Зачинета храна за будење на телото

Умерено зачинетата храна има голем број здравствени придобивки. Генерално, лутата и зачинета храна претставува стимуланс во телото. Ја стимулира крвната циркулација и ја заголемува телесната температура. Се смета дека зачинетата храна го зголемува и апетитот преку зголемено лачење на плунката и ензимите за варење на храната. Генерално, истражувањата покажале дека зачините се главен стимуланс за изострување на сетилата, будење на телото и поголема енергија.

Болка во колкот како последица на инфекција

Акутното воспаление на внатрешната обвивка на колкот (синовија) при која се собира поголема количина на зглобна течност е една од најчестите причина за болка во колковите кај децата. Зголемената количина на течност во зглобовите води до зголемен притисок на тоа место и затоа се јавува и болката.Се јавува на возраст од 3-10 години, и тоа двојно почесто кај машките отколку кај девојчињата. За среќа, станува збор за минлива состојба која не остава никакви последици.

Најчести прашања за горнореспираторните инфекции

Горнореспираторните инфекции (ГРИ) се најчестата причина поради која пациентите се јавуваат кај својот матичен доктор. Истовремено се и најчестата причина за отсуство од училиште или работа. Горните делови на респираторниот систем ги вклучуваат следните органи: носните канали, ждрелото, крајниците, синусите и горните делови од дишната туба.

Како да ја негувате сувата кожа во зима

Сува кожа е проблем со кој се соочува голем дел од луѓето, но зошто најчесто сувата кожа се јавува во зима? Ладното време и ветерот може да ја влошат состојбата на вашата кожа, која и немала досега проблеми. Во овој период проблеми со сувост на кожата може да се очекуваат во секоја возраст, почнувајќи од најмалите.

Сувите делови најчесто се манифестираат на дланките и нозете. Предизвикува чешање кое честопати е со толкав интензитет што ги нарушува дневните активности и спиењето. На местата кои се суви, поради честото чешање кожата се задебелува и станува груба. Најнепријатната состојба се појавата на пукнатини на кожата кои се болни.  Сувата кожа може да предизвика и воспаление на кожата – дерматитис. Во тој случај се појавува и црвенило на кожата. Оштетената кожа може да биде влезна врата за инфекции па како компликација може да се јави и бактериска инфекција. Во вакви случаи мора да се јавите на дерматолог и да ја третирате кожата.