Променливото време ја зголемува честотата на мозочни удари

Мозочниот удар е трета причина за смртност и прва причина за инвалидитет во развиените земји. Според светските статистики на секои 45 секунди се случува по еден мозочен удар, а на секои три минути умира по еден човек во светот како последица од мозочен удар. Дополнителен проблем за зачестеноста на мозочните удари преставува и променливото време.
Сонцето прва причина за карцином на кожа
Карциномот на кожата е најчестиот вид на канцер. Овие типови на канцер се појавуваат на површинскиот слој на кожата и лесно можат да се излекуваат доколку се откријат порано. Најсериозниот тип на канцер на кожа е наречен малиген меланом, кој е најчесто се шири. Докторите објаснуваат дека со редовни самопрегледи и дерматолошки прегледи овој карцином може рано да се дијагностицира.
Зголемени лимфни жлезди во детска возраст
Лимфниот систем е важен дел од имунолошкиот систем на организмот, тоа е одбрамбен систем на организмот против различни болести. Лимфните жлезди се дел од лимфниот систем во кои се филтрира лимфната течност, тука се зарджуваат и концентрираат вирусите и бактериите за да на крај ги уништат со помош на посебни бели крвни клетки наречени лимфоцити и макрофаги.
Акни во бременост

Појавата на акни е еден од најчестите проблеми со кожата во текот на бременоста. Најновите студии покажуваат дека речиси секоја втора трудница има проблеми со акни на лицето од различен степен, а понекогаш тие може да направат и лузни на лицето. За среќа, современата медицина нуди можности за решавање на овој проблем
Имате вртоглавица? Проверете ја состојбата на внатрешното уво

Чувствувате дека сè околу вас се врти? Луѓето кои имаат вртоглавица опишуваат дека во тие моменти имаат чувство дека целиот свет се врти околу нив.
Зошто имам вртоглавица?
Една од најчестите причини за вртоглавица е проблем со внатрешното уво. Други причини за вртоглавица можат да бидат:
Жените почесто добиваат уринарни инфекции

Уринарната инфекција е всушност бактериска инфекција во уринарниот систем која може да го зафати мочниот меур, бубрезите и мочните канали.
Дали имам ризик за појава на инфекција?
На секој од нас во одрeден период од животот може да ни се случи појава на уринарна инфекција, но одредени состојби и болести како дијабетес, мултипна склероза и Паркинсонова болест може да бидат ризик фактори за појава на ваква инфекција. Други состојби и болести кои ја зголемуваат можноста за инфекција се:
УВ зраците демнат и кога не сте под сонце

Многумина од нас веруваат дека сончевите зраци имаат штетно влијание врз кожата само ако директно сме изложени на сонце. Постојат три типа на УВ зраци. УВА зраците продираат во најдлабоките слоеви на кожата при што се постигнува темнеење на постоечкиот меланин (пигмент). УВБ зраците се главните причинители на изгореници и црвенила на кожата. УВБ зраците поттикнуваат создавање нов меланин. УВЦ зраците не се пробиваат подалеку од озонската обвивка и не навлегуваат во атмосферата, па оттаму и немаат никакво влијание врз здравјето на кожата.
Хламидијата – сексуално пренослива болест

Хламидијата е една од најчестите сексуално преносливи болести. Бидејќи не дава симптоми, инфекцијата брзо се раширува преку сексуални односи. Се смета дека инфекцијата со хламидија не дава симптоми кај 75% од мажите и кај 50% од жените.
5 едноставни совети при воведување оброк кај бебето

Воведувањето на храна кај бебето е една од најстресните состојби на мајките. Периодот пред да се започне со цврст оброк, мајките се бомбардираат со информации кога и како да започнат со првиот оброк и која намирница да биде прв избор. Најголемиот страв е дали бебето ќе ја прифати храната, дали ќе знае да ја голтне, како да знаат кога е вистинското време за хранење и уште многу други дилеми. Главниот проблем е што хранењето станува главна преокупација на мајката, па оттаму и целиот процес на хранење станува стресна состојба. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат при хранењето:
Ново истражување – кафето го намалува ризикот од цироза

Деветте изведени студии кои опфатиле дури 430 000 испитаници докажуваат дека пиењето кафе делува поволно врз работата на црниот дроб и доведува до значително намалување на ризикот од развој на цироза.
Појавата на цироза на црниот дроб се јавува како резултат на вирусно заболување (хепатит Б и Ц), а може да се јави и како резултат на прекумерно пиење алкохол и одредени лекарства. Цирозата се развива бавно при што здравото ткиво на бубрегот преминува во сврзно ткиво и како такво не е во можност да ги обработува протеините, хормоните, лековите и токсините. Исто така, се на намалува и способноста за создавање протеини и други супстанци важни за дигестивниот систем и елиминацијата на токсините. Над еден милион луѓе годишно во светот умираат од оваа болест.