Спондилоза – болест на современиот човек

Долгото и неправилно седење пред компјутер, дома или на работното место, често  предизвикува болка во грбот. Оваа болка е еден од најчестите здравствени проблеми и нема човек кој не се пожалил од неа.

Спондилоза – болест на „седечкиот човек“

Спондилозата е дегенеративно заболување на ‘рбетниот столб  и најчестото се јавува кај луѓето кои долго време седат. ‘Рбетот е составен од прешлени кои меѓусебно се поврзани со зглобови, а разделени се со меки дискови. Оваа целина го прави ‘рбетот флексибилен и прилагодлив, а прешлените и меките делови се еден вид  стабилизатори кои ги апсорбираат стресот и вибрациите кои се формираат кога човекот се движи.

Како до совршена насмевка?

Сакале да признете или не со текот на годините вашите заби освен што го менуваат изгледот ја менуваат и бојата. Но, тоа не значи дека треба да се помирите со реалноста, да ја прифатите таква каква што е и постојано да ја криете својата насмевката. Многу малку луѓе имаат бисерно бели заби. Но, со развојот на стоматологијата совршената насмевка денеска е достапна секому. Еве дел од стоматолошките процедури со кои ќе имате насмевка од соништата:

Живот со астма

Доколку се избегнуваат причините што ја предизвикуваат, астмата може да биде ставена под контрола и да се овозможи нормална работа на дишните патишта.  Астма имаат и мегапопулрните спортисти Дејвид  Бекам и Новак Ѓоковиќ, но овој здравствен проблем никогаш не влијаел врз нивните игри и успеси.

Храна богата со здрави масти

Незаситените масни киселини се основа за здравјето на срцето и на целиот кардиоваскуларен систем. Помагаат во намалувањето на лошиот холестерол, ја подобруваат функцијата на мозокот, го намалуваат ризикот од згрутчување на крвта. Бидејќи организмот не може сам да ги создаде, потребно е да ги внесувате преку исхраната.  Прочитајте која храна во својот состав содржи „добри“ масти кои делуваат позитивно на вашето здравје.

Витамин Д за силни коски и имунитет

Ако летниот период беше одличен за „крадење“ на сончевите зраци и зголемување на нивото на витаминот Д, есенските и зимските денови го губат најважниот  извор на овој витамин. Знаеме дека  витаминот Д е од голема важност, но што всушност прави тој и во колкава мера ни е потребен ? Последните истражувања даваат акцент на значењето на овој витамин во развојот на мозокот.

Витаминот Д помага организмот полесно да го апсорбира калциумот и преку тоа има значајна улога за густината и цврстината на коските. Бројни истражувања покажуваат дека витаминот Д помага во регулацијата и создавањето  на клетките одговорни за имунитетот со што влијае врз целиот имун систем. Недостигот на овој витамин може да предизвика слаби и лесно кршливи коски како и намалена мускулна сила кај повозрасните.

Што се фисури и како се третираат?

Голем дел од пациентите непријатните симптоми – болки, крвавења и чешање во аналната област ги препишуваат на хемороидите, но има и уште еден виновник со слични симптоми, а тоа се аналните пукнатини (фисури).  Аналните пукнатинки се мали расцепи во пределот на анусот. Постојат акутни форми кои траат неколку дена до неколку недели, додека хроничните форми траат од 8 до 12 недели.

Секој залак џвакајте го 10 пати

Се вели дека колку подолго, толку подобро бидејќи одлично е за варењето на храната и затоа секој залак џвакајте го повеќе од вообичаено.

Трудниците многу често својата состојба ја користат како изговор за прекумерно внесување на храна и зголемената телесна тежина. За да ги избегнете овие компликации како од естетски така и од здравствен аспект хранете се здраво и не се прејадувајте.

За здраво женско срце

Срцевите заболувања често се сметаат за машки проблем, но статистиката покажува дека на светско ниво поголем е бројот на жени кај кои се дијагностицирани срцеви заболувања отколку мажи. За среќа можете да преземете неколку чекори и да го намалите ризикот од срцеви заболувања. За најчестите ризик фактори кај жените, но и третманот и лекувањето на женското срце разговаравме со кардиолозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Сè што треба да знаете за тенко-иглената биопсија

Тенкоиглената аспирациона биопсија (FNAB – fine needle-aspiration biopsy, eng.) е техника со која се пунктираат мекоткивни тумори во различни делови на телото со помош на игла под дејство на вакуум. Со оваа техника се овозможува да се добијат доволно клетки кои патологот ги проследува за цитолошка, односно микроскопска анализа. На тој начин се поставува ориентациона дијагноза како што е воспаление, бенигни тумори, циста или канцер.

Дали менопаузата може да биде причина за карцином на дојка?

Жените по 55. година, кога влегуваат во периодот на менопауза, имаат поголем ризик од карциним на дојка, јајчници или на матка. Шансите се поголеми доколку жената добила циклус пред 12. година или доколку влегле во менопауза по 55. година. Причината за ова е што овие жени подолг период се изложени на овулации и хормонот естроген. Дали менопаузата може да биде причина за карцином на дојка одговараат докторите од Центарот за дојка од Клиничката болница “Аџибадем Систина”.