Заштитете ја кожата од сонцето

Сè почестото дијагностицирање на карциномот на кожа се поврзува со директното изложување на кожата на сончевите зраци. Затоа, внимавајте на вашата кожа и почитувајте ги препораките на дерматолозите. Редовно следете ги промените на кожата, посебно на бенките, кои може да бидат првиот аларм за пред појава на карцином на кожа.
Контролирајте ја телесната тежина

Лицата со прекумерна телесна тежина имаат зголемен ризик за појава на карцином на дебело црево, дојки, хранопровод, панкреас и бубрези. Со зголемувањето на телесната тежина се зголемува и ризикот од појава на голем број заболувања како што се проблеми со кардиоваскуларното здравје, дијабетес, остеоартритис, слип апнеа и многу други. Затоа медицинските лица препорачуваат да ја одржувате нормалната телесна тежина во текот на живот.
Главоболки во детството

Најголемиот број главоболки во детството не се поврзани со сериозно заболување, туку со несоодветен режим на одмор, исхрана и физичка активност кај децата. Сепак добро е за овој проблем да се направи консултација со педијатриски невролог. Како кај возрасните така и кај децата постојат повеќе различни типови на главоболки, како периодични главоболки од типот на мигрена или тензиона главоболка (предизвикана од стрес), но и хронични секојдневни главоболки. Симптомите кај детските главоболки се разликуваат – кај возрасните мигренозните главоболки почнуваат најчесто наутро, кај децата нивниот почеток е најчесто доцна попладне и тие траат пократко (од 1 до 4 часа). Сѐ за главоболките во детството ни откри д-р Оливера Лековска, невролог-педијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Бидете активни

Вежбањето е најдобриот начин да ја намалите зголемената телесна тежина и да го намалите ризикот од појава на малигно заболување.
Направете здрав избор на храна

Бројни истражувања потенцираат дека здравиот начин на исхрана го намалува ризикот за појава на малигно заболување за 30 до 40 проценти. Одредени намирници влијаат во намалувањето на ризикот од појава на одредени канцери. Внесот на здрава храна, вклучувајќи зеленчук, овошје, житарици, не само што ве заштитуваат од појавата на канцер туку се и главни сојузници во превенција на срцеви болести и дијабетес.
Воспаление на средното уво со излив во детска возраст

Воспаленијата на ушите (отити) се често застапени во секојдневната оториноларинголошка практика особено во детската возраст. По своите карактеристики и зачестеност од останатите форми на воспаленија на ушите се издвојува секреторниот отит (воспаление на средното уво со излив). Тоа е патолошка состојба на средното уво зад неоштетеното ушно тапанче без симптоми на акутна инфламација. За најчестите ризик фактори, симптомите, дијагнозата и третманот одговор ни даде прим. д-р Борислав Гогушевски, оториноларинголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Позитивни ефекти од масажата на бебињата

• Го намалува стресот кај вашето бебе
• Го зајакнува имунолошкиот систем
• Ги насочува мозочните бранови во позитивна насока
• Го регулира дишењето и циркулацијата
• Го стимулира дигестивниот систем
Патронажна посета на новороденче

Неонаталниот период од развојот на бебето претставува најважен период за здравјето на вашето новороденче, а редовните здравствени контроли и грижа за него се од голема важност за неговиот понатамошен живот. Целта на програмата за посета на тријажни сестри на новороденчето е да им помогнат на мајката и бебето во домашни услови, но и да ги направат потребните контроли во текот на овој период.
Што е радиохирургија?

Радиохирургијата е дел од зрачната терапија со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат хируршки да се отстранат. За првпат во регионот овој тип зрачна терапија ја има и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со помош на најмоќниот и најбезбеден апарат за радиотерапија TRILOGY. Како и кога се изведува радиохирургија, одговор ни даде д-р Славица Кралева, онколог радиотерапевт.
Живот по баjпас операциjа

По операцијата на срце, пациентите имаат многу дилеми за тоа како да продолжат понатаму. Што треба да јадат, дали да имаат физичка активност и кога ќе се вратат на секојдневните активности. За тоа како да продолжите со животот по изведување на операција на срце и што да очекувате, совет побаравме од проф. д-р Салис Таџер, кардиохирург.