Направете здрав избор на храна

Бројни истражувања потенцираат дека здравиот начин на исхрана го намалува ризикот за појава на малигно заболување за 30 до 40 проценти. Одредени намирници влијаат во намалувањето на ризикот од појава на одредени канцери. Внесот на здрава храна, вклучувајќи зеленчук, овошје, житарици, не само што ве заштитуваат од појавата на канцер туку се и главни сојузници во превенција на срцеви болести и дијабетес.
Воспаление на средното уво со излив во детска возраст

Воспаленијата на ушите (отити) се често застапени во секојдневната оториноларинголошка практика особено во детската возраст. По своите карактеристики и зачестеност од останатите форми на воспаленија на ушите се издвојува секреторниот отит (воспаление на средното уво со излив). Тоа е патолошка состојба на средното уво зад неоштетеното ушно тапанче без симптоми на акутна инфламација. За најчестите ризик фактори, симптомите, дијагнозата и третманот одговор ни даде прим. д-р Борислав Гогушевски, оториноларинголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Позитивни ефекти од масажата на бебињата

• Го намалува стресот кај вашето бебе
• Го зајакнува имунолошкиот систем
• Ги насочува мозочните бранови во позитивна насока
• Го регулира дишењето и циркулацијата
• Го стимулира дигестивниот систем
Патронажна посета на новороденче

Неонаталниот период од развојот на бебето претставува најважен период за здравјето на вашето новороденче, а редовните здравствени контроли и грижа за него се од голема важност за неговиот понатамошен живот. Целта на програмата за посета на тријажни сестри на новороденчето е да им помогнат на мајката и бебето во домашни услови, но и да ги направат потребните контроли во текот на овој период.
Што е радиохирургија?

Радиохирургијата е дел од зрачната терапија со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат хируршки да се отстранат. За првпат во регионот овој тип зрачна терапија ја има и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со помош на најмоќниот и најбезбеден апарат за радиотерапија TRILOGY. Како и кога се изведува радиохирургија, одговор ни даде д-р Славица Кралева, онколог радиотерапевт.
Живот по баjпас операциjа

По операцијата на срце, пациентите имаат многу дилеми за тоа како да продолжат понатаму. Што треба да јадат, дали да имаат физичка активност и кога ќе се вратат на секојдневните активности. За тоа како да продолжите со животот по изведување на операција на срце и што да очекувате, совет побаравме од проф. д-р Салис Таџер, кардиохирург.
Анемија најчесто нарушување на крвта

Анемија е состојба кога циркулирачката маса на крв не ги задоволува потребите на ткивата за кислород. Според СЗО, анемија постои кога вредностите на хемоглобинот во крвта кај возрасен маж се пониски од 130 г/л, а кај жените под 120 г/л. Се појавува и кај деца до петгодишна возраст, бремени жени, жени во репродуктивниот период, повеќеротки, по четвртата деценија и во периодот на климактериумот. Често се среќава кај постари луѓе и е еднакво застапена кај обата пола. Најчеста причина е дефицитот на железо, но може да бидат и некои вродени заболувања. За класификацијата на анемиите, клиничката слика, третманот и лекувањето разговаравме со д-р Лилјана Хаџи-Пецова, специјалист интернист-хематолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Сé за хемотерапија

Постојат повеќе начини за третман на карциномот кои можат да се користат самостојно или во комбинација: хемотерапија, хирургија, зрачна терапија, хормоно терапија и имунотерапијата. Кој од овие третмани ќе биде користен во текот на лекувањето, ќе биде одлука на мултидисциплинарен тим специјалисти бидејќи секој карцином бара индивидуален пристап во лекувањето.
Дијагноза и лекување – Карцином на грло

Гркланот (ларинкс) е орган сместен на средната линија на вратот и служи за дишење, продукција на глас и заштита на дишните органи при голтање. Составен е од три анатомски дела: гласилки, просторот над гласилките и просторот под гласилките. За тоа колку често се јавува, кои се симптомите, како се дијагностицира и лекува карциномот на грклан, поразговаравме со д-р Љирим Демири, специјалист по оториноларингологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Оптимистите имаат поздраво срце

Научните истражувања потврдуваат дека оптимистите имаат двојно поголеми шанси за поздраво срце отколку луѓето кои на негативен начин гледаат на реалноста.
Начинот на кој гледаме нареалноста може директно да влијае на должината и квалитетот на нашиот живот. Истражувањето било изведено на над 5000 возрасни испитаници и ја открило јасната поврзаност меѓу песимистите и срцевите заболувања. Испитаниците на возраст од 48 до 84 години имале задача да пополнат прашалници во кои ќе одговорат за тоа колку се оптимисти во животот и какво е нивното ментално здравје.