Како да го препознаете карциномот на кожа?

Прв знак за меланом е промена во големината, бојата или обликот на постоечка бенка. Меланомот може да се јави и како нова „дамка“ која обично изгледа невообичаено, црна е и со грд изглед. Запомнете: вообичаените бенки обично ги имаме од раѓање или се јавуваат до 40. година, а потоа бледнеат!

Што е апгар тест?

Апгар претставува првиот тест на новороденчето што се спроведува веднаш по самото раѓање во родилната сала. Целта на апгар тестот е проценка на здравствената состојба на новороденчето со цел да се увиди потребата од итно реагирање во случај кога состојбата на новороденчето тоа го бара. Апгар тестот претставува проценка на 5 важни витални параметри: боја на кожа, дишење, срцева акција, тонус на мускулатурата и рефлексен одговор при дразба (аспирација на дишните патишта по самото раѓање).

Направете превентивни прегледи

Голем број малигни заболувања не даваат симптоми во почетен стадиум. Најчесто кога симптомите се појавуваат веќе станува збор за канцер во поодминат стадиум. Токму затоа од голема важност се редовните превентивни прегледи кои можат да помогнат во детектирање на одредени промени во ран стадиум на болеста. Навременото откривање на болеста значи поголема шанса за третман и квалитет на животот. Во продолжение следува низа неинванзивни тестови што можат да дадат јасна дијагноза.

Дознајте ги вашите ризик фактори

Секој од нас има свој генетски код, свој начин на живот и водење на истиот. За да ги дознаете вашите ризик фактори најдобро е да погледнете во вашата семејна историја. Дали некој од вашето семејство има канцер или друго хронично заболување? Овие податоци дополнети со вашата здравствена историја ќе ви дадат јасна слика за вашите ризик фактори. Во продолжение следат генералните ризик фактори за клучни органи и системи.

Следете ги знаците на телото

Вие најдобро го познавате вашето тело.  Следете ги знаците што секојдневно ви ги дава. Некогаш и најминималните промени може да бидат аларм за сериозна состојба. Затоа, не оставајте нештата да се случуваат пред вас, а вие да ги премолчите. Разговарајте со вашиот лекар за сè што претставува ново искуство за вас и вашето тело. Запомнете, откривањето на карциномот во рана фаза значително ги зголемува шансите за излекување и добар квалитет на живот.

Кажете НЕ на цигарите – Победници се оние кои се откажуваат

Карциномот на бели дробови е директно поврзан со пушењето. Пушачите и луѓето кои се изложени на чад од цигари имаат зголемен ризик за појава на карцином на бели дробови. Најдобриот начин да го превенирате карциномот на бели дробови е да престанете да пушите. Луѓето кои почнале со пушење во тинејџерска возраст имаат поголем ризик за појава на ова малигно заболувања, за разлика од оние кои започнале во адолесценцијата. Децата чии родители пушат цигари имаат поголем ризик за појава на бронхитис и други болести на респираторниот систем.

Заштитете ја кожата од сонцето

Сè почестото дијагностицирање на карциномот на кожа се поврзува со директното изложување на кожата на сончевите зраци. Затоа, внимавајте на вашата кожа и почитувајте ги препораките на дерматолозите. Редовно следете ги промените на кожата, посебно на бенките, кои може да бидат првиот аларм за пред појава на карцином на кожа.

Контролирајте ја телесната тежина

Лицата со прекумерна телесна тежина имаат зголемен ризик за појава на карцином на дебело црево, дојки, хранопровод, панкреас и бубрези. Со зголемувањето на телесната тежина се зголемува и ризикот од појава на голем број заболувања како што се проблеми со кардиоваскуларното здравје, дијабетес, остеоартритис, слип апнеа  и многу други. Затоа медицинските лица препорачуваат да ја одржувате нормалната телесна тежина во текот на живот.

Главоболки во детството

Најголемиот број главоболки во детството не се поврзани со сериозно заболување, туку со несоодветен режим на одмор, исхрана и физичка активност кај децата. Сепак добро е за овој проблем да се направи консултација со педијатриски невролог. Како кај возрасните така и кај децата постојат повеќе различни типови на главоболки, како периодични главоболки од типот на мигрена или тензиона главоболка (предизвикана од стрес), но и хронични секојдневни главоболки. Симптомите кај детските главоболки се разликуваат – кај возрасните мигренозните главоболки почнуваат најчесто наутро, кај децата нивниот почеток е најчесто доцна попладне и тие траат пократко (од 1 до 4 часа). Сѐ за главоболките во детството ни откри д-р Оливера Лековска, невролог-педијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Бидете активни

Вежбањето е најдобриот начин да ја намалите зголемената телесна тежина и да го намалите ризикот од појава на малигно заболување.