Треската кај мало дете може многу да ги исплаши и вознемири родителите, особено оние кои првпат станале мама и тато. Секое дете во детството во текот на ноќта имало треска, без разлика колку вие сте внимателни! Важно е родителите да знаат како да постапат кога ќе се случи тоа. Прво, неколку совети за мерење на температурата на вашето дете:
Постојат повеќе видови топломери – од класични до понови модерни дигитални топломери. За да ја измерите телесната температура можете да користите кој било топломер. За најпрецизно мерење на температура кај бебиња и мали деца се препорачува користење на ректален топломер. Доколку ви е непријатно и страв да го користите овој топломер, мерете ја температурата под мишката на детето.