
1 минута во денот која може да открие во каква состојба е вашиот организам
Корисни совети за систематски преглед кој можете да го направите дома за една неполна минута
Погледнете ги очите
Белката во окото може да ви каже многу работи поврзани со вашето здравје. Таа мора да има бела боја, а црвенилото го предизвикуваат ситните капилари кои поради одредени причини се шират и стануваат видливи. Но, белката може да стане жолтеникава. Потрудете се седум дена по ред да ја набљудувате белката на дневна светлина. Доколку бојата се менува, тогаш причината може да биде напор, алергија или различни иритации и тогаш е време да побарате помош од офталмолог.












