Кожа

Ласерско отстранување на генитални брадавици

Меките кожни израстоци на гениталните органи кои се предизвикани од вируси се многу чест естетски проблем. Се jавуваат и кај мажите и кај жените и најчесто предизвикуваат чувство на непријатност.

Гениталните брадавици ги предизвикува хуман папилома вирусот (ХПВ), една од најчестите сексуално преносливи болести. Одредени форми на овој вирус предизвикуваат карцином на грлото на матката, анусот и пенисот. Според статистиките, најмалку 50% од сексуално активните мажи и жени ќе добијат ХПВ-инфекција во одреден момент од животот, а со тоа и можност за појава на генитални брадавици. За тоа што се гениталните брадавици, зошто и каде се појавуваат, но и за ласерскиот третман за нивно безболно отстранување разговаравме со лекарите од Одделот за дерматовенерологија на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

За да го спречат опаѓањето на косата, тријат киселини на глава

Ако имаш фризура, не е толку битно како си облечен. Ова мото е општоприфатено во јавноста. Многу повеќе го делат припадничките на понежниот пол, бидејќи за жените косата можеби е најважниот детаљ од физичкиот изглед, за разлика од мажите кои и да се проќелавени тоа го прифаќаат како нормална појава. И додека луѓето со бујни коси бараат начини да ги скротат прамените и да не изгледаат како тогаш да станале од кревет, оние кои имаат проблем со опаѓање на косата мака мачат како да ја скријат проретчената коса. За да го маскираат проблемот, луѓето бараат разни начини, од посебен стил на чешлање на косата, до купување вештачки прамени и перики. А некои во очај да ја сочуваат и спасат косата што им останала, посегаат по разни надрилекарства и не избираат што ќе стават на глава.

sovrsena koza na grbot

Совршена кожа на грбот

И тогаш кога конечно помисливте дека се збогувавте со акните кои беа честа појава во тинејџерските денови, ете ги – тие повторно се појавија, овој пат на грбот. Едноставно не можете да го облечете омилениот фустан или маичка со гол грб затоа што вашиот грб е прошаран со акни. Тие најчесто се појавуваат кај луѓето кои се склони кон зголемено лачење на лојните жлезди

Се проценува дека 61% од населението се соочува со проблемот акни во пределот на грбот и деколтето. Нивната појава е иницирана од зголемената работа на лојните жлезди кои се најбројниво пределот на лицето, грбот, рамената и задникот. Но добрата вест е дека современите третмани кои се ставени на располагање и искуството на дерматолозите можат да помогнат во нивниот третман. Какви стадиуми има и како правилно да се излекуваат објаснување ни даде доктор Андреј Петров, дерматолог од Клиничката болница „АџибадемСистина“.

Естетска корекција на нос

Секоја година повеќе од половина милион луѓе бараат корекција на носот. Некои од нив се незадоволни од изгледот кој го имаат од самото раѓање, останатите, пак, заради промените кои настанале со стареењето. Токму промената на обликот и големината на носот е еден од најчестите зафати во естетската хирургија

Носот зазема централна позиција на лицето и многу истражувања покажуваат дека токму средната третина од лицето е првото нешто што се забележува од личниот опис, а дури потоа забите и устата. Корекцијата на нос, односно ринопластика е интервенција која еднакво ја бараат и жените и мажите. Покрај естетските причини, со корекција на носот се отстрануваат и функционалните проблеми кај пациентите. Дури и мала корекција може да направи голема разлика во целокупната хармонија на лицето. За тоа како се изведува постапката објаснување ни даде доктор Илија Мостров од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Збогувајте се со несаканите влакна

Не дозволувајте малите и темни влакна да влијаат врз вашиот изглед. Зимата е идеален период да започнете со третманите за ласерска епилација и конечно еднаш засекогаш да се збогувате со несаканите влакна на вашето тело. Сѐ за ласерската епилација ни откриваат лекарите од Одделот за дерматологија при  Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Косата е огледало на вашето здравје

Здравата и бујна коса, како и кршливата коса и чувствителен скалп можат да бидат вистински показател за вашето здравје. Многу често одредени здравствени состојби или лекови може да влијаат и на квалитетот на вашата коса. Во одредени случаи главни „виновници“ се гените, но квалитетот на косата зависи и од вашиот начин на живот.

Деколте што мами погледи

Секоја жена сонува за идеални пропорции. Но, природата и процесот на стареење не секогаш се на страна на цврстото деколте. Зголемувањето, подигнувањето или намалувањето на градите се едни од најчестите естетски интервенции на кои се решаваат жените.

Младите девојки сакаат да имаат поголеми гради. Желбите на повозрасните се, пак, подигнати и затегнати гради. Еве што лекарите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Одделот за естетска, пластична и реконструктивна хирургија советуваат за заводливо деколте.

Мали естетски тајни за големи промени

Иако ги одбројуваме последните денови од старата година, сѐ уште не е доцна да преземете нешто. Ви предлагаме неколку моќни третмани кои ќе дадат видливи ефекти за најлудата ноќ во годината. Бидете неодоливи и привлечни, добијте нов изглед со новата новогодишна програма на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

Со ботокс против потење

Прекумерното потење, хиперхидроза, е состојба која почнува уште пред пубертетот, а потоа продолжува и се влошува. Ги зафаќа еднакво и мажите и жените. Овој тип на примарна хиперхидроза вообичаено е локализиран, ограничен на одреден дел од телото. Хиперхидрозата иако не е сериозна состојба, знае понекогаш да доведе до анксиозност или депресија, вознемирувајќи ја силно личноста. Освен примарната, постои и секундарна хиперхидроза, која е вообичаен знак на некоја болест.

Повторно млади

Со текот на годините во пределот околу очите почнуваат да се јавуваат првите брчки, темни кругови и вреќички околу очите. Ова се првите знацина стареење на кожата. Пределот околу очите особено е чувствителен на климатските промени, сончевите зраци, смогот, ветрот… Ви предлагаме мала интервенција која носи голема промена.

Но брчки се прават и кога се смееме, се лутиме или трепкаме, а и кога не носиме очила за сонце кои ја штитат тенката кожа околу очите. Кожата во пределот на очите бара посебна нега и внимание, од причина што е многу осетлива и дури четири пати потенка од кожата на другите делови.