Многу е мал процентот на луѓето кои бараат медицинска помош за проблемите со своите очи. Најчести проблеми кои се јавуваат кај луѓето се токму иритациите кои се предизвикани од предолгото седење пред компјутер. Луѓето често го занемаруваат овој проблем, а не се свесни до што може да доведе.
Најчестото прашање кое пациентите го поставуваат на својот офталмолог е како да го сочуваат нивниот вид. Тука важат правилата, како и за сите работи во животот. Треба да го слушате здравиот разум. Потребни се редовни годишни прегледи кај офталмолог. Здравите навики кои се добри за целиот организам, важат и за очите. Особено прошетките низ природата, каде погледот нема крај.