
5 „БОНУС“ навики за побрзо намалување на килограмите
Ви ги препорачуваме овие пет навики за побрзо да ја намалите телесната тежина. Колку повеќе се придржувате до нив, толку побрзо ќе ги видите резултатите.
1. Запишувајте сè што јадете
Оваа техника ќе ви овозможи да имате контрола врз сè што внесувате во текот на денот. Исто така, ќе ви помогне да ги откриете проблемите кои ги имате во врска со навиките за јадење. Луѓето кои водат дневник за исхрана многу побрзо слабеат од другите.