
Што е селен?
Селенот е силен антиоксиданс, посебно ако се комбинира со витамин Е. Значаен е за јакнење на имунитетот и е неопходен за правилно функционирање на штитната жлезда.
Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во човековиот организам. Во комбинација со витаминот Е ги елиминира слободните радикали кои можат да ги оштетат клеточните мембрани и ДНК, а со тоа се придонесува за побрзо стареење на организмот и развој на кардиоваскуларни заболувања и канцер.