Есенски дар на вашата трпеза – Јапонско јаболко

Јапонското јаболко е витаминска бомба која ги задоволува потребите од витамини и минерали  кои на телото му се потребни во овој период од годината. Ова портокалово овошје кое потекнува од Кина изобилува со витамин А, Ц, бета комплекс, бета-каротен, ликопен, лутеинн, криптоксантин.  

Со внесување на потребните состојки со кои јаболкото изобилува нашиот организам се заштитува од актуелните настинки и грип. Редовното консумирање го зајакнува имунитетот.

Покрај изобилството од витамини и минерали, уште една позитивна страна на јаболкото е количеството  калории. Верувале или не, во 100 грама јапонско јаболко има само 70 калории. Изобилува со многу растителни влакна кои го стимулираат варењето на храната и ја подобруваат работата на цревата. Богато е со антиоксиданси, но има и анти-воспалителни ефекти.

Нутриционистите го препорачуваат доколку сакате да го забавите процесот на стареење.

Антиоксидансите кои ги содржи јапонското јаболко го штитат организмот од последиците на оксидативен стрес, што може да помогне во јакнење на имунитетот и одбрана од многу болести. Последиците од оксидативниот стрес често се поврзани со хронични заболувања, како срцеви болести и разни видови карцином. Покрај тоа што го подобрува варењето на храната, ја прави кожата свежа, мека и бронзена. Јапонското јаболко помага при лекување на цревата, црниот дроб, желудникот и жолчката, но ја подобрува работата и на штитната жлезда поради присуството на јод.

Доколку сте на диета, можете слободно да го консумирате овој плод. Најслатко е да се јаде омекнато бидејќи така е повкусно и поблаго. Освен свежо, може да се употребува и за подготовка на слатко, џем или да се комбинира во салати.

Ова овошје е карактеристично за овој период од годината, но добрата страна е што може долго време да остане свежо. Складирајте го на добро место, каде што нема многу светлина и уживајте во неговиот вкус во текот на цела зима.   

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!