Во Спиналниот центар се изведуваат најсовремените хируршки техники во лекувањето на потешки случаи на сколиоза и кифоза. Овие интервенции најчесто се изведуваат кај децата (поретко во инфантилна фаза (1-3 години), а почесто во јувенилна и адолесцентна). Деформитетите поретко се јавуваат и кај возрасните како последица на понапреден дегенеративен процес. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има богато искуство во хируршкиот третман на деформитетите на `рбетниот столб во сите возрасти, од најраната (детска возраст) до најстарата популација.