Холестерол, липопротеини и липиди во крвта

Холестеролот е масна супстанција која во најголем дел се произведува во телото. Ја создава црниот дроб од заситените масти внесени преку исхраната. Холестеролот игра важна улога во функционирањето на секоја клетка во телото. Тој претставува и основна материја од која телото создава други потребни материи. Но премногу холестерол во крвта може да го зголеми вашиот ризик за коронарна срцева болест!

Холестеролот е масна супстанција која во најголем дел се произведува во телото. Ја создава црниот дроб од заситените масти внесени преку исхраната. Холестеролот игра важна улога во функционирањето на секоја клетка во телото. Тој претставува и основна материја од која телото создава други потребни материи. Но премногу холестерол во крвта може да го зголеми вашиот ризик за коронарна срцева болест!

Холестеролот има посебен транспортен систем за да стигне до секоја клетка на која ѝ е потребен. Тој ја користи циркулацијата како „пат“, а го пренесуваат „носачи“ изградени од протеини. Овие комбинации на холестерол и протеини се нарекуваат липопротеини. Постојат две главни форми на липопротеини:

Липопротеини со ниска густина (ЛДЛ), кои го носат холестеролот од црниот дроб до клетките.

Липопротеини со висока густина (ХДЛ), кои го враќаат вишокот холестерол во црниот дроб.

Можеби сте го слушнале и поимот крвни липиди. Така се нарекуваат сите масни материи во крвта вклучувајќи ги ХЛД холестеролот, ЛДЛ холестеролот и триглицеридите. Ако имате високи вредности на триглицеридите и на крвниот холестерол, тогаш имате и повисок ризик за добивање коронарна срцева болест. Ризикот е поголем ако имате и ниски вредности на „заштитниот“ ХДЛ холестерол.

Колкави треба да бидат вредностите на липопротеинот (а) Лп(а)?

Неговите вредности се генетски предодредени. Неговата концентрација во серумот покажува големи индивидуални варијации и се движи од 0,01 до 2,0 г/л. Концентрациите на Лп(а)во плазмата поголеми од 0,30 г/л се асоцирани со двоен пораст на коронарниот ризик, или дури петкратен пораст на ризикот од инфаркт доколку е здружен со зголемени концентрации на ЛДЛ. Индивидуите кои имаат високи вредности на Лп(а) имаат и зголемена склоност кон тромбоза поради неговата улога во системот за коагулација на крвта.

Кои се посакуваните вредности на холестеролот во крвта?

  • Тотален холестерол 5,0 ммол/л
  • ЛДЛ-холестерол < 3,0 ммол/л
  • ХДЛ-холестерол > 1,0 ммол/л
  • Триглицериди < 2,0 ммол/л

Што треба на направиме за да ги постигнеме овие вредности и да спречиме појава на коронарна срцева болест и инфаркт на срцето?

Промените на животниот стил кои може да го превенираат ова заболување се здравата исхрана и контролата на телесната тежина, прекин на пушењето, зголемувањето на физичката активност. Треба да се направат превентивни кардиолошки контроли пред појава на симптомите. Ако се најдат одредени заболувања на срцето и коронарните артерии, веднаш треба да се почне со соодветно лекување. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!