И мобилните телефони може да направат алергиски реакции, но на метал

Алергиските заболувања и во Македонија добиваат размери на епидемија, а во Европа, на пример, секој втор човек има некој облик на алергија. Експертите алармираат дека до 2021 година речиси секој, и тоа уште од раѓање, ќе има проблеми со алергија. Според д-р Kамелија Бушљетиќ, пулмоалерголог во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје, алергиите се зголемуваат и поради современиот начин на живот.

Алергиските заболувања и во Македонија добиваат размери на епидемија, а во Европа, на пример, секој втор човек има некој облик на алергија. Експертите алармираат дека до 2021 година речиси секој, и тоа уште од раѓање, ќе има проблеми со алергија. Според д-р Kамелија Бушљетиќ, пулмоалерголог во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје, алергиите се зголемуваат и поради современиот начин на живот.

Тука спаѓа начинот на исхрана, помала физичка активност, аерозагадувањето, зголемено користење на антибиотска терапија, но и живот во стерилни услови – преголемата хигиена во нашето опкружување. Таа вели дека постојат многу необични тригери, односно предизвикувачи на алергиски реакции, но зрачењата на мобилните телефони, таблетите или безжичниот интернет не влијаат кај нивните корисници да се јават реакции.

– Научно не е докажано дека електромагнетните бранови од мобилните телефони и интернетот имаат влијание врз алергиските манифестации. Се смета дека тој ефект е повеќе носебо – кога знаеме дека нешто штетно дејствува, понекогаш може да биде причина да почнеме да имаме симптоми кои би можело да ги предизвика тоа штетно дејствување, а не довело до тоа, што е обратно од пласебо-ефект. Она што мобилните телефони и таблети можат да направат се алергиски реакции на метал како што е никел и кобалт и други метали кои можат да бидат дел од материјалот од кои е направен апаратот. Оваа реакција е почеста кај жени и тинејџери – вели д-р Бушљетиќ.

Таа потсетува дека најчести алергени се полен, храна како млеко и млечни производи, риба и морски плодови, житарки, јајца, кикиритки, јаткести производи, паразитите во домашната прашина и, не смееме да ги заборавиме – лековите!

– Добра алергија нема. Алергијата е реакција на нашиот одбранбен систем, за жал, на работи кои во основа не се штетни за нашето здравје, освен кај тие што се алергични. Засега нема алергија само човек кон човек – барем не вистинска алергија. Водата, исто така, може да доведе до кожни манифестации, кои се типични за т.н. уртикарија, но нема ослободување на хистамин – материја неопходен посредник за алергиска реакција. Иако се познати кожни манифестации кон водата, сепак, не се прават алергиски реакции – додава д-р Бушљетиќ.

Чувствителноста на организмот се проверува на дури 400 супстанции, а многумина ги мачат повеќе алергени. Но според сознанијата, повеќе од 90 отсто од пациентите со алергија се чувствителни на десетина алергени: домашна прашина – грињи, пердуви, мувла, полени на корови, на треви, но и дрвја…, а чести се и алергиски реакции на влакно од куче и маче.

Според неа, една од основните заблуди која во последните години е забележана е дека децата не треба уште рано да почнат со консумирање храна која најчесто доведува до алергиски реакции во детската возраст. Најчесто се мисли на кикиритки, морски плодови, млеко (кравјо), јајца и житарки.

– Истражувањата покажале дека во земјите во кои овие продукти порано се внесуваат во исхраната на детето, од 4. до 6. месец, тие всушност имаат помалку алергиски реакции во детската возраст на нив. Таков е примерот со Израел. Таму децата порано почнуваат со консумирање кикиритки и таму алергијата е процентуално помалку застапена за разлика од земјите каде што подоцна се воведува. Но, сепак, мора да се нагласи дека ако доенчето покаже и најмала алергиска реакција, треба да се направи консултација со алерголог за да се види дали понатаму може да се внесува овој продукт во исхраната на детето. А доењето е од големо значење, особено во првите шест месеци, бидејќи мајчиното млеко не предизвикува алергиска реакција – појаснува д-р Бушљетиќ.

Мајките што пушат пренесуваат склоност за алергии до три поколенија

Според д-р Бушљетиќ, ако мајката пушела во и вон бременоста, дури и без структурна промена на гените, преку промена на епигените, кои се софтверот на нашиот генетски систем, може да се стекне до три наредни поколенија склоност за одредени болести меѓу кои кардиоваскуларните болести, дијабетесот, астмата, алергиите и карциномите.

Особено ако жената има женски плод бидејќи јајце-клетките на плодот се формираат во текот на бременоста и информациите остануваат трајно запишани – тврди д-р Бушљетиќ.

Извор – Дневник

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!