Пробиотиците во денешно време можете да ги најдете на повеќе места. Можете да ги најдете во гранола-барови, јогуртот, житариците и други додатоци во исхраната. Пробиотиците се „добри“ бактерии кои се верува дека делуваат позитивно за целокупното здравје, а пред сè за дигестивниот систем. Пробиотиците се слични со бактериите кои нормално ги има во дигестивниот систем и се борат со бактериите кои прават штета на организмот. Тие сами по себе не претставуваат лек, но имаат голем бенефит за здравјето на децата и возрасните.
Придобивките на пробиотиците
Добрите бактерии се потребни за одржување на балансот и целокупното здравје. Затоа за време на пиење антибиотици, кога покрај штетните бактерии се уништуваат и добрите бактерии, пиењето пробиотици е од особено значење за повторно регулирање на соодносот на добри бактерии.
Доколку вашето дете има стомачен вирус, дијареа или друга инфекција, пиењето пробиотици ќе му ги олесни симптомите. Воспоставувањето нормална цревна флора е основната улога на пробиотиците. Пиењето пробиотици може да ви помогне при запек, појава на киселини, дијареа и надуеност. Одредени истражувања докажале дека делуваат позитивно и на оралното здравје и при појава на егзема. Други состојби при кои се препорачува да земате пробиотици се:
– Синдром на иритабилен мочен меур
– Воспаление на мочен меур
– Дијареа поврзана со антибиотици
– Инфективна дијареа
– Кронова болест
Важно е дека пробиотиците не се примарен лек на болеста туку треба да се земаат како поддршка на терапијата.
Дали пробиотиците се безбедни?
Најголемиот дел пробиотици содржат Lactobacillus, Bifidobacterium и Saccharomyce или комбинација од трите бактерии. Точната концентрација на пробиотиците потребна за да делува не е докажана и не построи идеална концентрација. Затоа пред да се решите да му дадете пробиотик на вашето дете или да земете за себе консултирајте се со вашиот лекар за одредување на дозата.