Крв во урина – што може да ја предизвика?

Голем број заболувања и состојби во организмот може да бидат причина за појава на крв во урината. Доколку сте забележале крв во урината, потребно е да се консултирате со вашиот лекар, кој ќе ви даде насока на испитувања кои се потребни за да се детектира вистинската причина. Посериозни се микроскопските крвавења во урината кои не можете да ги видите со голо око, а исто така се знак за појава на одредено нарушување на системот за филтрирање на материите кои се излачуваат преку урината. Дознајте ги најчестите причини за појава на крв во урината.

Инфекција на бубрезите настанува кога преку мочниот канал бактеријата ќе стигне до едниот или, пак, до двата бубрега и ќе почне да се размножува. Симптомите се слични како и кај инфекцијата на уринарниот тракт. Честопати се јавува и треска и болки во слабинскиот дел.

Инфекција на уринарниот систем настанува кога бактеријата ќе навлезе во организмот преку мочниот канал и ќе стигне до мочниот меур каде се размножува. Болка и печење при уринирање, постојан нагон за уринирање и силен мирис на урината се најчестите симптоми при бактериска инфекција на бубрезите.

Камен во бубрег/ мочен меур. Присуството на каменчиња во бубрезите или мочниот меур може да бидат причина за појава на присуство на видлива крв или микроскопска (скриена крв) во урината. Се јавува како резултат на придвижување на каменчињата со што се оштетува ѕидот (слузокожата) на мочниот меур и бубрезите. Карактеристичен симптом при каменчиња во бубрегот е остра болка во вид на колика.

Зголемена простата. Зголемувањето на простата, кое најчесто се јавува кај мажите по 50-та година, може да биде причина за појава на микроскопска крв во урината. Симптомите на зголемена простата вклучуваат потешкотии при уринирање, итен нагон за уринирање, задршка на урината и сл.

Болести и повреда на бубрезите. Присуство на микроскопско крвавење во урината (кое не можете да го видите со голо око) е чест симптом кај гломерулонефритис, кој предизвикува инфекција на системот на филтрација на бубрезите. Гломерулонефритисот може да се јави како резултат на системско заболување како дијабетесот, може да се јави при вирусна и бактериска инфекција, болести на крвните садови, нефропатија и сите состојби при кои доаѓа до нарушување на капиларите во бубрезите (гломерули). Појава на крв во урината може да се појави и при траума на бубрезите.

Канцер. Видливите траги на крв може да бидат знак на напреден стадиум на канцер на бубрезите, мочниот меур или простата.

Наследни болести. Видливо крвавење или микроскопски траги на крв во урината се појавуваат и при наследната болест српеста анемија, каде постои нарушување на хемоглобинот  во црвените крвни клетки.

Лекови. Одреден тип цитостатици и препарати на пеницилин може да предизвикаат крвавење во урината. Видливи траги на крв честопати може да се јават и при земање на антикоагуланти, како аспирин.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!