Како и кај сите други случаи на карцином, одредување на стадиумот во кој се наоѓа карциномот на дојка е неопходен фактор за планирање на лекувањето. Според тоа, секој стадиум ја опишува фазата на болеста:
Нулта стадиум (carcinoma in situ): канцерогените клетки сèуште не можат да се шират и се целосно ограничени во дојките.
Стадиум I: Канцерогените клетки можат да нападнат, но се помали од 2см и се целосно ограничени во дојките.
Стадиум IIA: Нема тумор во дојките, но карциномот се шири до лимфните јазли. Или пак, а) туморот е 2см или помал и се проширил до лимфните јазли или б) туморот е поголем од 2см, но е помал од 5см и сèуште не се проширил до лимфните јазли.
Стадиум IIБ: Туморот е поголем од 2см, но помал од 5см и се проширил до лимфните јазли или туморот е поголем од 5см, но не се проширил до лимфните јазли.
Стадиум IIIA: a) не е најден тумор во дојката или б) Туморот во дојката е 2см или помал в) Туморот е поголем од 2см, но помал од 5см или г) туморот е поголем од 5см. Дополнително, карциномот можеби се проширил до аксиларните лимфни јазли кои се групирани заедно или, пак, може да се проширил до лимфните јазли близу градната коска.
Стадиум IIIБ: Туморот може да биде со различна големина, карциномот може веќе да го нападнал ѕидот на градниот кош и/или кожата на градите и да се проширил до аксиларните лимфни јазли кои се групирани заедно или, пак, да се проширил до лимфните јазли близу градната коска.
Стадиум IIIВ: Може да нема знаци на карцином во дојката или, доколку има тумор, може да биде со различна големина и да се проширил до ѕидот на градниот кош и/или кожата на градите. Дополнително, карциномот може да се проширил до лимфните јазли над или под клучната коска, до аксиларните лимфни јазли или до лимфните јазли близу градната коска.
Овој стадиум може да се разгледува како оперативен, односно со можност за оперативен третман и локално напреднат стадиум:
- Во оперативниот стадиум, присутни се 10 или повеќе метастази на лимфните јазли
- Во локално напреднатиот стадиум, карциномот се проширил до лимфните јазли над клучната коска
Стадиум IV: карциномот се проширил до други органи од телото, како коски, црн дроб, бели дробови или мозокот.