Што значи крв во столица?


Доколку забележите крв во столицата, проблемот сфатете го сериозно. Ракот на дебелото црево не е единствената причина за појава на крв во столицата. Причина за крвава столица  може да биде многу помал проблем, но, секако, целата ситуација бара консултација со вашиот доктор и преглед. Закажете го прегледот во најскоро време.                

Кои се причините за крв во изметот?

Крвавата столица е знак  дека некаде во дигестивниот тракт има крвавење.

Доколку забележите крв во столицата, проблемот сфатете го сериозно. Ракот на дебелото црево не е единствената причина за појава на крв во столицата. Причина за крвава столица  може да биде многу помал проблем, но, секако, целата ситуација бара консултација со вашиот доктор и преглед. Закажете го прегледот во најскоро време.                

Кои се причините за крв во изметот?

Крвавата столица е знак  дека некаде во дигестивниот тракт има крвавење.

Доколку крвта е светлоцрвена, проблемот, најверојатно, е во завршните партии на дебелото црево, а доколку е темно црвена, најверојатно, проблемот е во погорните партии. Понекогаш крвта и не се забележува во изметот, па доколку имате анемија од непозната причина потребен е преглед на дебелото црево. Најчести причини за појава на крв во столицата се хемороидите и дивертикулитисот ( воспалителна болест на дебелото црево).

Други причини за појава на крв во столицата се:

– ракот на дебелото црево, кој ако се открие во најраниот стадиум процентот на  излекување е над 90%. Ако малигната болест е напредната, процентот на излекување драматично се намалува.

– присуство на полипи ( промени на дебелото црево кои не се малигни, но го зголемуваат ризикот од појава на карцином на дебелото црево )

– воспалителни цревни болести ( Кроновата болест, улцерозниот колитис )

– цревни инфекции ( најчесто бактериски кои се манифестираат со појава на чести и крвави проливести столици )

– употреба на нестероидни антинфламаторни лекови ( пр. аспирин, ибупрофен и други т.н. антиревматици ) и др.

Понекогаш столицата може да биде потемно обоена и да помислите дека е во прашање крв, иако нема вистинско присуство на крв. Конзумирањето лекови што содржат железо, разни видови храна, како цвекло, капини, малини, боровинки и друго овошје и зеленчук кои се црвено, сино или црно обоени може да го обојат изметот.

Совети

1. Посетете го вашиот доктор доколку забележите промени во вашата столица. Тоа се најчесто промени во обоеноста, во честотата на празнење ( поретко или почесто од вашиот вообичаен ритам ), промени во конзистенцијата ( појава на проливести столици, потешко празнење и др ).

2. Не плашете се од прегледот! Навремената и точна дијагноза е најзначајниот момент за текот на понатамошно лекување и резултатот на болеста.

3. Превентивните прегледи се најдобар “чувар” на здравјето!

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!