Овој спорт се препорачува за одржување на кондицијата, силата и подготвеноста на телото. Ретко која спортска активност може истовремено и физички, ментално и емоционално да му користи на човекот.
Многумина сметаат дека тенисот е спорт со кој можете да се занимавате во текот на целиот живот бидејќи рекреативно можат да играат и најмладите, но и возрасните. Освен што ќе се дружите на теренот, тенисот се препорачува и за одржување на кондицијата, снагата и подготвеноста на телото.
Дружењето со рекетот ја јакне вашата координација, флексибилност, моќноста на мускулите. Истражувањата кои се занимавале со здравствените предности на овој спорт откриле дека ниту еден спорт не е толку добар за физичкото, менталното и емоционалното здравје кај луѓето. Во текот на 20 години се следени околу 10.000 луѓе, и заклучено е дека со играњето тенис со умерен интензитет по трипати неделно за 50% се намалува ризикот од смрт. Тенисерите се полни со енергија, самодоверба и се големи оптимисти.
Ретко кој од луѓето кои играат тенис е депресивен, напнат, вознемирен или бесен. Додека играте тенис согорувате многу повеќе калории отколку да вежбате аеробик, возите ролерки или велосипед. Мажите во просек за еден час можат да потрошат околу 560 калории, додека жените околу 420.
Белиот спорт позитивно влијае и на кардиоваскуларниот систем – помага во согорувањето на масти и го одржува нивото на енергија, му помага на срцето да пумпа крв. Ја зголемува силата на нозете и рацете, а тенисерите имаат појаки коски и мускули. Овој спорт ви ја поттикнува фокусираноста, да размислувате неколку чекори понапред, брзо да се приспособите на промените, да го оцените следниот чекор на противникот и сето ова позитивно да влијае врз секојдневниот живот.
Истовремено со тенисот можете да научите како спортски да го поднесете поразот, но и како да ја прославите победата. Со ударот на рекетот и топката за тенис вие едноставно ја исфрлате негативната енергија.