Тромбозата може да го загрози вашето здравје

Исто како во сообраќајот, тромбот може да ја спречи нормалната циркулација и да биде многу опасен по човечкиот живот.

Знаци за појава на сериозно попречување на крвотокот.

Оваа состојба медицински се нарекува тромбоза. Длабоката венска тромбоза се јавува во поголемите вени, најчесто на нозете. Оваа состојба може да предизвика болка и отекување во регијата каде се формирало „згрутченото топче“ – тромбот. Потоа местото зацрвенува и станува топло на допир.

Исто како во сообраќајот, тромбот може да ја спречи нормалната циркулација и да биде многу опасен по човечкиот живот.

Знаци за појава на сериозно попречување на крвотокот.

Оваа состојба медицински се нарекува тромбоза. Длабоката венска тромбоза се јавува во поголемите вени, најчесто на нозете. Оваа состојба може да предизвика болка и отекување во регијата каде се формирало „згрутченото топче“ – тромбот. Потоа местото зацрвенува и станува топло на допир.

Најчесто, длабоката венска тромбоза може да предизвика пулмонарен емболизам. Всушност, доаѓа до откинување на веќе формираниот тромб или дел од тромбот кој со помош на протокот на крвта доаѓа до белите дробови. Симптомите на ова заболување вклучуваат губење на здивот и моментална болка во градите која станува поинтензивна при земање подлабок воздух.

Ризик фактори и начини да се избегне ова заболување.

Буквално секој може да има длабока венска тромбоза, но оние кои подлежеле на операција или потешка повреда имаат поголем ризик. Возраста и прекумерната телесна тежина, исто така, претставуваат ризик фактори за ова заболување.

Како да се заштитите?

–          Престанете да пушите, одржувајте нормална телесна тежина и редовно вежбајте.
–          Доколку сте хоспитализирани, побарајте од здравствените работници да ви обезбедат механички справи за да ја зголемите циркулацијата.
–          Доколку често патувате на долги дестинации, или седите со часови на едно место носете тесни еластични чорапи, исправајте се и движете ги екстремитетите.

60% од оние кои некогаш страдале од длабока венска тромбоза имаат посттромботски синдром. Овој синдром може да предизвика долгорочна болка, отекување, па дури и чирови.

Разредувачи на крвта и што не смеете да јадете

Докторите најчесто препишуваат разредувачи на  крвта кои се користат со цел да не се појави тромбот повторно.

Пациентите кои страдаат од ова заболување мораат да бидат во постојан контакт со докторите и да се информираат во врска со храната и лековите.

Витаминот К може да им попречи на некои лекови во нивната работа, па затоа треба да се избегнуваат зелените листови во моментот кога се зема терапијата.

Боровинките и сокот од боровинки, исто така, треба да се избегнуваат во овој период бидејќи можат да го интензивираат ефектот на некои лекови.

Внимавајте со ризичните спортови!

Доколку земате разредувачи на крвта не практикувајте високо ризични спортови со цел да не дојде до некое пообилно крвавење. Докторите препорачуваат дека оние кои имале длабока венска тромбоза во минатото мораат да бидат повнимателни со цел да не дојде до повторување на тромбот.

Додека земате лекови за разредување на крвта, секогаш постои опасност од рани и модринки па дури и кога ги правите секојдневните активности од типот на бричењето.

Секогаш носете медицинска картичка во вашиот паричник на која пишува дека земате лекови за разредување на крвта. Никогаш не земајте друга терапија без го известите докторот за вашата моментална состојба и терапија која ја примате.  

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!