Доколку изгледот на вашето лице ги издава годините кои ги имате, а скапата и квалитетна шминка не е моќна да ги сокрие аномалиите и уморот на очите, време е да ја вратите свежината и повторно да заведете со погледот. Решение е блефаропластиката – хируршка интервенција со која се коригираат долните и горни очни капаци. Ова е релативно едноставна хируршка процедура со која ќе добиете нов, поубав изглед на лицето, но и ќе ги отстраните функционалните проблеми кои настануваат со паѓање на горните капаци кои предизвикуваат подочници под очите. По изведување на блефаропластиката очите се поизразени, па нивната убавина доаѓа до израз.
Блефаропластика на горните очни капаци
Горна блефаропластика претставува корекција на горни те очни капаци. Хируршкиот третман се изведува со отстранување на висечката кожа, мускулите, вадење на масните перничиња и корекција на спуштените очни капаци кои пречат во видот и го затвараат видното поле. Често пати овој зафат се комбинира со целосен лифтинг со цел постигнување на поубав естетски резултат. Резовите кои се прават кај горната блефаропластика се поставени точно кај горниот агол на очниот капак, па воопшто не се забележуваат. Хируршкиот третман трае околу 1 час и се изведува со локална анестезија.
По операција…
По операцијата пациентот носи хартиени ленти на резовите, а по 5-6 дена се вадат исто како и конците. Умереното модрило и отоци во тој период исчезнуваат. Во наредниот месец дена на местото на резот пациентот чувствува како длабокиот рез од тврд почнува да омекнува и да станува незабележлив. Комбинацијата на овие оперативни техники, релативно минимално инванзивни, можно е да ги одложат инванзивните оперативни зафати за лифтинг за барем 10 години и за исто толку години да го успори процесот на стареење.
Блефаропластика на подочниците
Долна блефаропластика претставува многу комплицирана хируршка интервенција која не е ограничен само на долните капаци, туку и на целата средна третина од лицето и во тој случај говориме за mid-face лифтинг. Резовите се поставуваат само во долниот агол на капакот и се од 1-1,5 сантиметри во пределот на очниот агол каде се спојуваат во една брчка. Со отстранување на вишокот кожа и мускулите се постигнува затегнување на долниот капак, а со вадење или поместување на масните перничиња се решава проблемот со подочниците. Овој хируршки зафат се изведува во општа анестезија и трае 2-3 часа во зависност дали се работи mid-face лифтинг или не.
По операција…
По петтиот ден од интервенцијата се вадат конците, а умереното модрило и оток остануваат околу две недели по интервенцијата. Во наредниот месец дена има само дискретен оток кој не е многу видлив.