Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Како да се заштитите од сончаница и топлотен удар?

Летната жега и тропските температури може да предизвикаат сериозни тегоби кај потполно здравите лица. Сончаницата и топлотниот удар се главните непријатели во летото. За 10-15 дена додека сме на море и додека се трудиме што повеќе да уживаме во убавините на морето, езерото или реките не знаеме колку нашиот организам е подготвен да го прифати сето тоа? Што треба да направиме доколку претераме со изложување на сонце? - одговор на ова прашање ни даде д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, специјалист по неврологија.

Летната жега и тропските температури може да предизвикаат сериозни тегоби кај потполно здравите лица. Сончаницата и топлотниот удар се главните непријатели во летото. За 10-15 дена додека сме на море и додека се трудиме што повеќе да уживаме во убавините на морето, езерото или реките не знаеме колку нашиот организам е подготвен да го прифати сето тоа? Што треба да направиме доколку претераме со изложување на сонце? – одговор на ова прашање ни даде д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, специјалист по неврологија.

Што е сончаница?

Подолгото изложување на сонце доведува до сончаница, посебно ако тилот е директно изложен на високата температура и под дејство на сончевата топлина. Нашето тело се лади преку кардиоваскуларниот систем и преку потење. За време на големите жештини низ кожата поминува поголема количина на крв која го лади телото и така ги штити своите најважни органи, особено мозокот. При долготрајното изложување на сонце, температурата во главата се зголемува, телото настојува да го разлади мозокот со носење на ладна крв во главата, со тоа доаѓа до ширење на крвните садови на мозокот и до зголемување на неговиот волумен. Тоа делува на појава на симптоми кои се слични како кај потрес на мозокот и нималку не треба да се игнорираат. Посериозните случи на сончаница може да завршат со несвестица или во коматозна состојба.

Постојана контрола на телесната температура

Луѓето со вакви симптоми треба веднаш да се сместат во ладна или добро разладена, затемнета просторија и да се раскомотат. Постепено разладување со поливање на вода и ставање на ладни облоги со лед на тилот и главата сè додека температурата не се врати на нормала. Телесната температура треба постојано да се контролира. Треба да се дава ладен напиток, но никако кафе и алкохол. Во тешките случаи со губиток на свеста, поспаност или конфузија потребно е да се повика лекар.

Што е топлотен удар?

Топлотниот удар има многу симптоми како и сончаница, но не мора да биде последица на директно изложување на сонце. Топлотен удар може да добијат работници во пекара или во индустрија кои работат покрај печки со висока температура, кај невнимателни возачи кои се во прегреан автомобил, кампери кои спијат во лош опремен шатор или морнари кои се покрај прегреан бродски мотор. Тој настанува како резултат на нагло и прекумерно зголемување на телесната температура и неможност на организмот да ја оддржи температурата во нормални граници. Обично тоа се јавува кога има зголемена влажност во воздухот тоа го отежнува потењето, поради тоа температурата на телото постојано расте и достигнува вредност до 40 степени. Вака високата температура доведува до дисфунксција на централниот нервен систем која доведува до делириум, конвулзија или до кома. Доколку оваа состојба трае може да доведе до трајни оштетувања и невролошки пореметувања.

Симптоми

  • малаксаност и грчеви
  • вртоглавица
  • слабост, жед
  • главоболка, слаб но забрзан пулс, намалено потење
  • сува и црвена кожа

Топлотниот удар настанува нагло и без најава со ненадеен колапс и пад на крвниот притисок. Ова е акутно тешко пореметување кој настанува поради пореметена терморегулација на организмот а во најтешките случаеви може да предизвика кома или смрт, затоа е неопходна интервенција од лекар

Превенција

За да не се добие сончаница, добро заштитете ја главата. Носите шешир или качкет, облеката да биде соодветна спре- ма климатските услови, важно е да е од природни материјали и светла боја. Исто така важно е да се пијат доволно течно- сти и вода, исхраната да биде урамнотежена и лесна, богата со витамини, минерали. Просториите во кои се живее и работи да бидат разладени во однос на надворешната температура но и не премногу ладни.

 

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!