Бенигни цисти во дојките

Сè што се напипува како јазол во кој било дел од телото, или сè што се гледа како сенка на рендген слика, во медицината се нарекува тумор. Тумори има различни – бенигни и малигни. Кога станува збор за дојките, цистата спаѓа во групата на бенигни тумори. Таа претставува меур што се полни со течност во зависност од хормоните во јајчниците. Секојдневниот физички и психички стрес, исхрана богата со хормони и лекови кои се пијат од различни причини, може да предизвика  нарушување во лачењето хормони во јајчниците и сето тоа да влијае врз жлезденото ткиво во дојките. Како последица на ова, се формираат меури (цисти) во жлезденото ткиво на дојките, кои можат да бидат единечни или во групи со различни ло- кации во едната или во двете дојки.

По стресот

Откако стресот ќе помине, хормоните од јајчниците ќе се нормализираат, цистите во дојките може да исчезнат, да се намалат или да останат со истата големина. При следен стрес, може да се формираат вакви хормонални цисти во истата или во другата дојка, или постоечките кои исчезнале повторно да се појават.

Доколку цистата не се повлече

Доколку цистата не се повлекла и останала да живее во дојката на жената, тогаш клетките од коишто е изграден ѕидот на дојките може да се менуваат. Од клетки со бенигни карактеристики да се претворат во малигни клетки.

Симетрија и градба на дојките

Сите овие хормонални промени во јајчниците, со стареење на жената доведуваат двете дојки да имаат различна градба. Ретко која жена има исти по големина, а уште поретко исти по градба две дојки. Оваа состојба не е болест, туку анатомија, којашто е врзана со генетиката и хормоналната состојба на жената.

Самопреглед

Најдобар период за самопреглед на дојките е 5-8. ден од првиот ден на крвавење од менструалниот циклус. Не е важно дали самопрегледот го правите легнати или во стоечка позиција, важно е да го напипате целиот волумен на дојката. Ако напипате нешто што е поразлично од ткивото на дојката, не мора веднаш да алармирате. Но доколку истото го напипате и на следниот самопреглед, по следниот циклус, задолжително да се јавите кај компетентен доктор. Тој ќе ве прегледа и, доколку има потреба, ќе ви направи дијагностички постапки, со кои ќе открие дали се работи за хормонални цистични промени со бенигни карактеристики, компактни туморски формации, туморски формации со променети клетки во својата градба или за веќе настанат карцином. Ако правите редовен самопреглед по секој циклус и 1-2 пати годишно правите преглед кај компетентни доктори, може да спиете мирно, бидејќи таа промена што е откриена навреме, дури и да се работи за канцер на дојка, значи 99% излекување.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!