Активни и по вградување на вештачки колк

Ин­тер­вен­ци­и­те за вгра­ду­ва­ње ен­доп­ро­те­зи на кол­кот се ед­ни од нај­чес­ти­те из­ве­ду­ва­ни опе­ра­тив­ни ин­тер­вен­ции во ор­то­пе­ди­ја­та. Ис­то­ри­ја­та на овој тип опе­ра­ци­ја е мно­гу дол­га и драс­тич­но се раз­ли­ку­ва од по­че­то­ци­те до она што де­нес е дос­тап­но во сов­ре­ме­но­то вре­ме. Со но­ви­те ма­те­ри­ја­ли, ка­ко и но­ви­те по­мал­ку ин­тен­зив­ни ме­то­ди на опе­ри­ра­ње ре­ха­би­ли­та­ци­ја­та и нор­мал­ни­от жи­вот на опе­ри­ра­ни­от па­ци­ент се пос­тиг­ну­ва за мно­гу по­кус пер­и­од. От­ка­ко ќе за­вр­ши не­оп­ход­ни­от пер­и­од на адап­та­ци­ја на па­ци­ен­тот, што де­нес из­не­су­ва два-три ме­се­ци, тој е спо­со­бен за нор­ма­лен се­кој­дне­вен жи­вот.

Веш­тач­ки­от колк не е хен­ди­кеп

Па­ци­ен­ти­те кај кои е вгра­де­на веш­тач­ка ен­доп­ро­те­за на колк мо­же сло­бод­но да ко­рис­тат ав­то­мо­бил, да пли­ва­ат, да во­зат ве­ло­си­пед, ка­ко и да се за­ни­ма­ва­ат со по­лес­но рек­ре­а­тив­но спор­ту­ва­ње. Се­ка­ко, она на што тре­ба да се вни­ма­ва е да не се прак­ти­ку­ва теш­ка фи­зич­ка ра­бо­та, од­нос­но кре­ва­ње теш­ки пред­ме­ти, ка­ко и про­фе­си­о­нал­но за­ни­ма­ва­ње со по­теш­ки спор­то­ви. По из­ве­сен пер­и­од же­ни­те сло­бод­но мо­же да но­сат чев­ли со ви­со­ки пот­пе­ти­ци, се раз­би­ра, не пос­то­ја­но и не пре­те­ра­но ви­со­ки. Веш­тач­ка­та за­ме­на за колк не ги оне­воз­мо­жу­ва и се­кој­днев­но да ги из­вр­шу­ва­ат ра­бо­ти­те во до­ма­ќинс­тво­то.

Ке­ра­мич­ки­те ен­доп­ро­те­зи се вис­тин­ски бе­не­фит за па­ци­ен­ти­те

Тен­ден­ци­ја­та на мо­дер­на­та ор­то­пе­ди­ја, ка­ко и во­оп­што на хи­рур­ги­ја­та, е ма­те­ри­ја­ли­те што се вгра­ду­ва­ат со сво­и­те ка­рак­те­рис­ти­ки да би­дат кол­ку што е мож­но поб­ли­ски до при­род­ни­те. Ни­во­то што го има дос­тиг­на­то на­у­ка­та до де­неш­но вре­ме е из­ра­бот­ка­та на ке­ра­мич­ки ен­доп­ро­те­зи.

Пред­нос­та на ке­ра­мич­ки­те про­те­зи во од­нос на стан­дар­дни­те е тоа што ке­ра­ми­ка­та прет­ста­ву­ва по­и­нер­тен ма­те­ри­јал и сте­пе­нот на три­е­ње е мно­гу по­мал от­кол­ку кај дру­ги­те стан­дар­дни ма­те­ри­ја­ли, што е од осо­бе­на важ­ност за нив­но фун­кци­о­ни­ра­ње и за нив­на трај­ност. Ке­ра­ми­ка­та со сво­и­те фи­зич­ки и хе­ми­ски ква­ли­те­ти е единс­тве­ни­от веш­тач­ки ма­те­ри­јал нај­бли­зок до ква­ли­те­тот на чо­ве­ко­ва­та ’рска­ви­ца, има по­го­ле­ма би­о­ком­па­ти­бил­ност и не пре­диз­ви­ку­ва алер­ги­ски ре­ак­ции.

Ми­ни­мал­но ин­ва­зив­ни­от трет­ман го заш­ти­ту­ва мус­ку­лот

Ми­ни­мал­но ин­ва­зив­ни­от прис­тап што се ко­рис­ти при вгра­ду­ва­ње ен­доп­ро­те­за на колк овоз­мо­жу­ва заш­ти­та на би­о­лош­ко­то тки­во, а со тоа се по­доб­ру­ва и фун­кци­ја­та на згло­бот. По­ра­ди тој факт, во ор­то­пе­ди­ја­та се ко­рис­тат опе­ра­тив­ни прис­та­пи кои се ми­ни­мал­но аг­ре­сив­ни кон мус­ку­ли­те и кон дру­ги­те струк­ту­ри на згло­бот. Ми­ни­мал­но ин­ва­зив­на­та хи­рур­ги­ја на кол­кот овоз­мо­жу­ва мак­си­мал­но за­чу­ву­ва­ње на мус­ку­ла­ту­ра­та. Вак­ви­те пред­нос­ти на ке­ра­мич­ки­от ма­те­ри­јал и ми­ни­мал­но ин­ва­зив­ни­от прис­тап овоз­мо­жу­ва­ат по­бр­зо зак­реп­ну­ва­ње и по­бр­за ре­ха­би­ли­та­ци­ја на па­ци­ен­ти­те.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!